Tag Archives: Албанија

Рама: Албанија се надева на членство во ЕУ до 2030

Албанија се надева на придружување на Европската Унија до 2030 година, изјави премиерот на таа земја Еди Рама. Тој пред околу 2.000 поддржувачи во хотел во Солун вети дека бројни албански иселеници за првпат ќе можат да гласаат на следните избори кои ќе бидат одржани на пролет 2025 година. И покрај разните спорови со Грција, Рама кажа дека односите на ...

Read More »

Пописи на население 2023: По Тиранците, Дебарчаните се најголемата заедница во Тирана

Населението на Тирана достигна 598.176 жители на пописот во 2023 година, но најновите податоци покажуваат дека само 52% од нив (310 илјади) се родени во Тирана, а речиси половина од жителите се од други градови. Според деталните податоци на ИНСТАТ, Дебарчаните се најголемата заедница во главниот град по Тиранците, бидејќи 6,5% од населението во главниот град како родно место го ...

Read More »

Албанија на прво место во Европа по раст на туризмот, втора во светот по Катар

Светската туристичка организација на Обединетите нации го објави туристичкиот барометар за периодот јануари-јули 2024 година, во кој се потврдува дека Албанија е на прво место во Европа по зголемување на бројот на странски туристи, во однос на периодот пред пандемијата и на второ место во светот по Катар. Премиерот Еди Рама во објава на социјалните мрежи наведува дека „уште една ...

Read More »

Масакр во Скадар, најмалку три жртви во вооружен инцидент (ВИДЕО)

Вооружен инцидент се случил доцна попладнево во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку три лица, додека две се тешко повредени и се во животна опасност. Идентитетот на сите жртви и околностите и мотивите за настанот не се познати, иако се поврзува со пресметка меѓу криминални групи. Се дознава дека две возила во движење пукале меѓу себе, при ...

Read More »

Опозицијата во Албанија го блокираше сообраќајот низ земјата

Албанската опозиција ги блокираше крстосниците низ земјата барајќи актуелната влада да ја замени технократска привремена влада пред парламентарните избори следната година. Пратениците предводеа стотици поддржувачи на опозицијата на собирите на главниот влез во Тирана и на пет други главни крстосници низ земјата за да го блокираат сообраќајот. „Граѓанска блокада, денес или никогаш“, беше слоганот на сајтот на главната опозициска Демократска ...

Read More »

Албанија со историски највисок буџет во 2025 година, проектиран на 8,2 милијарди евра

Албанската влада за следната година планира историски највисок буџет, проектиран на 822,7 милијарди лека или 8,2 милијарди евра, што е за 600 милиони евра повисок во однос на оваа календарска година. Со Нацрт-буџетот се предвидува да се продолжи со финансирање, во значителен обем, на јавни инвестиции во просек од 6,1 отсто од Бруто домашниот производ, кои ќе бидат насочени кон ...

Read More »

Земјотрес од 4 степени во Албанија, епицентар кај Фиер

Земјотрес е регистриран вечерва во Албанија. Европскиот центар за следење на земјотреси пишува дека земјотресот се случил во 17:32 часот и бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Неговиот епицентар бил на 11 километри од градот Фиер и 56 километри од градот Елбасан, додека длабочината на 5 километри. Потресите се почувствувани во повеќе градови, меѓу кои и Тирана

Read More »

Поранешниот пратеник Јургис Чирбја, се појави во Специјалниот суд, под строги безбедносни мерки

Поранешниот пратеник Јургис Чирбја, се појави во Специјалниот суд, под строги безбедносни мерки. Првично се очекуваше тој да биде запознаен со безбедносната мерка „притвор во затвор“, но потоа адвокатите побараа време да се запознаат со досието. Чирбја е осомничен дека бил корисник на апликацијата SKY и дека соработувал со членови на криминална група во Драч. Ахмет Маша е вториот човек ...

Read More »

Албанија може да стане членка на ЕУ до крајот на мандатот на актуелната Европската комисија

Албанија на 15 октомври го отвори првиот кластер за преговори за членство во ЕУ, кој ги опфаќа прашањата за правосудството и основните права, правдата, слободата и безбедноста, јавните набавки, статистиката и финансискиот надзор. Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Албанија има целосна поддршка од ЕУ за забрзување на реформскиот процес, со цел до крајот на мандатот на тековната ...

Read More »

Аеродромот во Тирана со рекорден број патници, до година во функција и аеродромот во Валона

Вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку информираше дека на аеродромот во Тирана регистрирана е рекордна бројка патници и најави дека до година во функција ќе биде и новиот аеродром во Валона. На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ за девет месеци регистрирани се 8,25 милиони патници или 53,7 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Туристичките текови ги ...

Read More »