Tag Archives: Албанија

Земјотрес во Албанија, почувствуван Љушња и Елбасан

Земјотрес во Албанија, почувствуван Љушња и Елбасан, според првичните сеизмолошки податоци, земјотресот бил со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала и бил регистриран околу 15:56 часот. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на само 1 километар северо-североисточно од Љушња и на околу 36 километри југозападно од Елбасан. Земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Read More »

Прв потврден случај на западнонилска треска во Албанија

Во Албанија потврден е првиот случај на Западнонилска треска, која е дијагностицирана кај 72-годишен маж од Корча, кој моментно е во карантин во Регионалната болница во Корча и прима соодветен третман. Заразеното лице е жител на градот Корча. Кога добил увид од комарец бил во градината, каде што го поминувал поголемиот дел од времето. Отишол во болница на лекување, а ...

Read More »

Во Поградец се порибуваше Охридското езеро со 2 милиони единки на охридска пастрмка

Околу 2 милиони млади единки од охридската пастрмка, беа пуштени во Охридското езеро кај Поградец, во рамките на напорите за збогатување на водниот фонд и заштита на овој ендемски вид, од особено значење за екосистемот и економијата на регионот. Пуштањето на младиот подмладок се одржа во денот кога во Поградец се организира Фестивалот на коранот (охридската пастрмка) манифестација која веќе прерасна во ...

Read More »

Албанија: Ксамил меѓу 50-те најдобри плажи во светот, ги остави Малдивите зад себе

Малдивите се познати по чистиот песок и кристално чистите води, но се чини дека една европска плажа нуди слично тропско искуство, а за британските туристи може да биде и поевтина за посета. За 2026 година се избрани 50-те најдобри плажи во светот, а очекувано, на листата се најдоа и Малдивите. Сепак, изненадување е што пред една од малдивските плажи се најде ...

Read More »

Најстарата жена во Албанија наполни 117 години

Во селото Ферас, во областа Берат, живее жена која, според информациите, е најстарата во Албанија. Ќамиле Мара неодамна го прославила својот 117. роденден, опкружена со љубовта и грижата на своето семејство, кое на шега и од срце ѝ посакува да доживее и 200 години. Родена во едно друго време, Ќамиле одгледала седум деца, целиот живот работела во земјоделството, а денес ...

Read More »

Теди Блуши за инцидентот во Пустец: Македонската заедница заслужува почит

Во долгата реакција, Блуши го обвинува Рама дека се обидува да го одвлече вниманието од ситуацијата со пожарите во земјата и дека го користи инцидентот во Пустец за да ѝ се потсмева на македонската заедница. Блуши ја доведува во прашање изјавата на градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, дека тој побарал на настанот да биде интонирана албанската химна, но дека неговото ...

Read More »

Жителите на Пешкопеја и Булќиза во Македонија за да се снабдат со гориво

    Албанските медиуми известуваат дека жителите на округот Дебар од Албанија сè почесто се упатуваат кон Македонија за да се снабдат со гориво и основни прехранбени производи. Високата цена на дизел-горивото во Албанија, која во моментов се продава по 219 леки за литар, ги натера граѓаните да ја искористат близината до Дебар и таму да ги наполнат своите автомобили. ...

Read More »

Расте интересот за електрични возила во Албанија, 6396 регистрани за седум месеци

Албанскиот пазар на возила доживува значителна промена во изборот на потрошувачите, при што целосно електричните возила заземаат сè поголем удел во новите регистрации во 2026 година. Генералниот директорат за услуги за патен транспорт објави дека, во периодот јануари-јули 2026 година, за првпат се регистрирани 6.396 целосно електрични возила, бројка што претставува зголемување од 126% во споредба со истиот период минатата ...

Read More »

Далноводот Битола–Елбасан и гасните интерконектори ја отвораат вратата кон регионот

Македонија ја користи својата стратешка географска положба за да стане важна енергетска крстосница на Балканот. Како земја која се наоѓа во срцето на Балканот и на трасите на Коридорите 8 и 10, целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да ја поврзе Македонија со сите соседи и да ја интегрира во регионалните енергетски текови, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Со ...

Read More »

Состојбата со шумските пожари во Албанија покажува значително подобрување

Состојбата со шумските пожари во Албанија покажува значително подобрување, јави Албанската радиотелевизија. Според најновите официјални податоци од Албанското Министерство за одбрана и Албанската Национална агенција за цивилна заштита (AKMC), до синоќа се регистрирани вкупно седум пожари, од кои четири остануваат активни, додека три други се под строг надзор за да се спречи повторно разгорување. Во гаснењето на пламените јазици ангажирани ...

Read More »