Tag Archives: Голо Брдо

Во организација на македонско друштво “Илинден“ во Тирана ќе се одржи втор фолклорен фестивал на македонците во Албанија

Во организација на македонското друштво “Илинден“, со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија, вторпат во Тирана ќе биде одржан “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Фестивалот не само што се одржува првпат, туку првпат една ваква манифестација е поддржана од страна на албанското Министерство за култура. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, ...

Read More »

Проф. д-р Вита Блаже Која, Македонка од Голо Брдо – борец за правата на Македонците во Албанија

Вита Блаже Која е родена на 19. 09.1957 година во селото Ѓинеец, Голо Брдо. Денес живее во Тирана и работи како универзитетски професор на Економскиот факултет во Тирана. Со оглед на нејзината посветеност, проф. д-р Која не пропушта ниту еден слободен момент за истражување и пишување за трудовиповрзани со македонската култура. Општо познато е дека таа е еден од ревносните ...

Read More »

Македонците во областа Голо Брдо завеани и без струја три дена

Македонците во областа Голо Брдо и оваа зима не ги одминаа проблемите со кои се соочуваат по обилни снежни врнежи, по кои е познат овој  планински регион. По последниот снег, чија дебелина надминува 40 сантиметри, а некаде е и повисока и минусните температури, веќе трет ден се отсечени од светот. Дополнителен проблем е и недостигот на електрична енергија присутен веќе ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо повторно го актуелизира барањето за 24-часовно функционрање на преминот Требиште – Џепиште областа Голо Брдо

Македонското друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, на чија територија се наоѓа граничниот премин Џепиште – Требиште, на македонско – албанската граница кај Дебар, повторно го актуелизира прашањето за негово 24 часовно функционирање. Друштвото, пренесувајќи ги барањата на Македонците од оваа област, бара од албанската влада под итно да се ангажира околу ова прашање, зашто „повеќе од неопходно е ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција: Софија се обидува вештачки да прикаже Бугари во Голо Брдо

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) реагираше во врска со, како што наведе, „последното однесување на бугарската Амбасада во Тирана, со цел вештачко прикажување на Бугари во областа Голо Брдо”. Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, го осудува однесувањето на бугарската Амбасада во Тирана, која во пресрет на новогодишните празници им дели подароци за ...

Read More »

Градоначалникот на Општина Булќиза вети повеќе инвестици за Македоците во Административна единица Требиште и Острени, Голо Брдо 

Градоначалникот на Булкиза, Лефтер Ала продолжува сo јавните расправи за изготвување на буџетот на општината за 2022 година. Градоначалникот Ала беше во Административна единица Требиште и Острени во областа Голо Брдо каде внимателно ги слушаше Македонците од Административна единица Требиште и Острени. Додека ги претстави своите планови за Административна единица Требиште и Острени областа Голо Брдо за следната година, градоначалникот Ала ...

Read More »

Трагична несреќа во Требиштe, областа Голо Брдо

Во средата, околу 17 часот во областа Голобрдо, во близина на селото Требиште се случи тешка сообраќајна несреќа. Имено, возило во кое имало два патника, излетало од коловозот и паднало неколку метри под коловозот. На местото на несреќата животот го загубил малолетникот Ф.П., 17 години. На вториот патник Е.Т., кој се здобил со тешки повреди, укажана му е лекарска помош ...

Read More »

Во Голо Брдо земјотресот предизвика поголеми оштетувања на дваесеттина куќи

Серијата земјотреси, со епицентар во селото Топојани во близина на пограничното градче Булќиза, каде припаѓа и областа Голо Брдо, предизвикаа материјална штета кај повеќе индивидуални куќи и во оваа област, која е на самата албанско-македонска граница, кај Дебар. Со помали оштетувања се повеќе куќи во неколку села, додека со поголеми се дваесеттина и тоа во селата Требиште, Острени и Клење. ...

Read More »

Повторно осетен земјотрес во областа Голо Брдо

По вчерашните серија земјотреси, попладнево во временско растојание од неколку минути беа регистрирани два потреса со епицентар во Булќиза, осетен и во областа Голо Брдо. Во 14:25 часот е регистран земјотрес со јачина од 3,2 Рихтерови степени, на длабочина од два километра. Набргу потоа е регистран уште еден потрес со послаба јачина. По вчерашниот земјотрес во 8:10 часот, кој беше со ...

Read More »

Земјотрес со јачина од 4,5 степени во областа Голо Брдо

Цивилни итни случаи 16 оштетени станови. Жителите беа многу исплашени, двапати се тресевме Силни потреси се почувствуваа утрово. Според Институтот за геонауки, земјотресот бил со епицентар во Булќиза и на длабочина од 14 километри. Потресот предизвика голем страв и паника кај граѓаните, кои излегоа од своите домови, бидејќи велат дека земјотресот бил силен. Службата за Цивилни итни случаи посочуваат дека ...

Read More »