Со претставата „Маша и нејзината волшебна приказна“ на театарот Крик од Скопје, вечер во Мала Преспа, Република Албанија, почнува јубилејното 10. Македонско културно лето што го организира Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ со седиште во Скопје. Фестивалот ќе трае до 31 јули, а продолжува утре со „Гига мега бајка“ на скопскиот Театар за деца и младинци. Посетителите ...
Read More »Tag Archives: Македонци
Летна школа по македонски јазик во организација на Агенцијата за иселеништво
Во организација на Агенцијата за иселеништво на Македонија од 22.07 до 28.07.2017 година во Охрид се одржува Летна школа по македонски јазик за децата од иселеништво. Децата покрај што ја следат наставата по македонски јазик се дружат и се запознават со убавините на Охрид. Сместувањето на учесниците и одржување на наставата е во прекрасниот хотел Когресмен центар. Ова година учество зедоја ...
Read More »Грчкиот весник демократиа: САД игра во полза на Македонија
САД преку Хојт брајан Ји игра игра во полза на Македонија , пишува грчкиот весник Димократиа во анализа по посетата на високиот американски дипломат на Атина. Од весникот тврдат дека откриле и дека од Скопје се испратени документи до НАТО и Европската Унија преку кои се бара Македонија да се приклучи на Алијансата, без да го спомене името. „Тие сакаат ...
Read More »Македонците во Овчарани, Егејска, Македонија го прославија Илинден
И годинава на 19 и 20 јули во македонското село Овчарани, леринско, се одржа традиционалната Илинденска средба на Македонците во Егејскиот дел на Македонија во Република Грција. Неколку илјади Македонци од сите делови на Македонија го прославија македонскиот национален и верски празник Илинден со македонски ора и песни. На прославата учествуваа македонски културно-уметнички друштва од повеќе места од Егејскиот дел ...
Read More »Заеднички македонско-албански полициски патроли во Струга
Полициите од Република Македонија и Република Албанија, денеска, во полициската станица во Струга, официјално, на пригодна свеченост, ќе бидат промовирани заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од Министерствата за внатрешни работи на двете земји. Од друга страна, децении и децении се најавува бродска линија од Охрид до Поградец, на албанската страна на Охридското Езеро.Пред неколку дена, на истата ...
Read More »Македонците од Австралија за договорот со Бугарија: Ние сме понижени и национално обезличени
За Македонците и претставниците на македонските организации во Викторија и Австралија најавениот договор за добрососедство со Бугарија претставува евтина распродажба на националните македонски интереси, соопштија македонските организации во Австралија и за ова усвоија и испратија Резолуција до Собранието, Владата, претседателот на државата, МАНУ, МПЦ – ОА, политичките партии на Македонија. Во резолуцијата се вели дека Македонците од Австралија се огорчени, ...
Read More »Македонско друштво „Илинден“-Тирана – учесник на Националниот младински конгрес
Македонско друштво “Илинден”-Тирана од 05.07.2017 до 06.07.2017 година учестуваше на петиот Национален младински конгрес на Албанија што се одржа во Младинскиот центар во Тирана. По петиот пат на Националниот младински конгрес присутен беше и претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај. Во Конгресот учествуваа 80 младински организации од целата територија на земјата, ангажирани во различни полиња на делување. Конгресот е ...
Read More »Македонската Православна Црковна Општина Св.Наум Охридски од Виена, Австрија свечено го прослави својот патрон
Македонската Православна Црковна Општина „Свети Наум Охридски“ од Виена, Австрија, свечено го прослави својот патрон. Започна со Света Божествена Литургија на која присуствуваа голем број на верници. По Литургијата, според традицијата, во црквената салата за манифестации, се „кршеја“ погачите од кумовите, Дивјакоски Стеван и Стојанка и Кајмакоски Павле и Ружа со семејствата, каде воедно се пријавија Наунчев Миланче и Вера, ...
Read More »Со македонски пасош без визи во 108 држави
Според Паспорт индекс, најголема слобода за патување во светот имаат Германците и жители на Сингапур, кои со својот пасош немаат потреба да вадат визи и да посетат дури 159 држави. Вредноста на пасошот се одредува според низа параметри, но најважни се визите. Македонците може да патуваат без визи во 108 држави, хрватите патуваат без визи во 144 држави, Словенците во ...
Read More »Попис во Австралија: 98.441 лице се изјаснило како Македонец
Австралиското биро за статистика денеска ги објави првите податоци од пописот во 2016 година, според кој 98.441 лице се изјасниле дека имаат македонско потекло. Во 2011 овој број изнесувал 93.570. На прашањето за јазикот што го зборуваат дома, на пописот во Австралија во 2016 година 66.019 лица одговориле дека дома го зборуваат македонскиот јазик. Според податоците од 2011 година 68.849 лица во ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden