Tag Archives: Македонци

Во Струга се одржа најмасовната литија за Ѓурѓовден

  Неколку илјади граѓани, православни верници од Струга, Охрид, и цела Македонија како и Македонци од Албанија по осми пат излегоа на Ѓурѓовденската литија низ централните улици на Струга и им се поклонија на моштите и на светата икона на Свети Георгиј Победоносец. Свечената Ѓурѓовденската литија, што е дел од културното наследство на Република Македонија ја предводеше полициско возило, со ...

Read More »

Се одржа 11 традиционален Македонски пролетен фестивал во Маниса – Турција

Во организација на Македонското друштво во Маниса, во централната градска општина Јунус Емре во градот Маниса, се одржа 11 традиционален Македонски пролетен фестивал. Фестивалот ги афирмира македонскиот фолклор и култура на Македонците доселеници по потекло од Македонија. Покровител и гостин на Фестивалот е градоначалникот на општината Јунус Емре Мехмет Черчи кој ги поздрави присутните и заигра македонско оро со учесниците ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес упати поздравна честитка по повод 6 мај денот на Македонско-Горанската заедница на Косово

  Светскиот Македонски Конгрес (СМК) Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) и Горанското друштво (ГД) упатија поздравна честитка по повод 6. Мај – Денот на Македонско-Горанската заедница на Косово. СМК, СМИР и ГД посакуваат унапредување на положбата и правата на Македонско-Горанската заедница на Косово, како етнички Македонци. СМК, СМИР и ГД очекуваат Владата на Косово да ја поддржи Македонско-Горанската ...

Read More »

Ден на Македонска култура во Копенхаген

Со цел зачувување и негување на македонските културни и историски вредности и традиции, како и зајакнување на комуникацијата помеѓу македонските иселеници кои живеат во Данска и татковината Македонија, Групата за промоција на македонските вредности во Данска, како носител на проектот, организира манифестација насловена “Ден на македонската култура“. Манифестацијата “Ден на македонската култура” ќе се одржи на 6 мај во Копенхаген, ...

Read More »

Oтворена изложбата „Охридски филиграни” во Софија

Пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор, културни работници и бројни познати јавни личности, синоќа во Софија беше отворена изложбата „Охридски филиграни”. Софиската публика покажа исклучителен интерес за оваа старо занаетско мајсторство специфично за Република Македонија, претставено преку 35 ракотворби од авторката Мирјана Николоска од Охрид. Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Република Македонија, Васко Шутаров.

Read More »

Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана во посета на Мала Преспа

Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана, Клаус Неукирч денеска престојуваше во посета на општина Пустец, Мала Преспа. На средбата со градоначалникот Едмонд Темелко, подетално бил запознат со положбата на Македонците во Република Албанија, со Предлог­законот за малцинствата, кој треба да биде изгласан во септември од новиот состав на албанскиот Парламент. Темелко го информирал дека македонската партија МАЕИ, ...

Read More »

Втора семакедонска средба за обединување на Македонската заедница во Швајцарија

Во организација на Македонската православна црковна општина “Свети Наум Охридски“ од Тринген под претседателство на Ванчо Соларов, Македонската православна црковна општина “Сите Македонски Светители“ од Лозана под претседателство на Дејан Аџијоски и Македонската православна црковна општина “Света Богородица“ од Локарно под претседателство на Трајко Ковачев, на 7 мај 2017 година во Берн, со почеток во 16.00 часот на Waldeckweg 2, ...

Read More »

Денеска се одбележуваат 114 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во ...

Read More »

Македонците во Јабука организират панахида за Гоце Делчев

Во организација на ЗГМНЗ „Илинден Јабука“ а под покровителство на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, на 04-ти мај 2017 година ќе се одржи Панахида за Гоце Делчев и во таа прилика ќе се положи цвеќе и ќе се одаде почит на нашиот револуционер и учител. Ги покануваме сите заинтересирани организации и поединци да земат учество во оваа Панахида. ...

Read More »

ОМД: Дејствувањето на Конгресната Група за Македонија е од витално значење за зацврстување на Американско-Македонските односи

  Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува напорите на Конгресната група за Македонија и Македонските Американци (во понатамошниот текст дефинирани како “Македонската Група”), кои се од клучно значење за зацврстување на Американско-Македонските билатерални и стратешки односи. Над 30 членови на Конгресот кои вклучуваат Републиканци и Демократи, се дел од Македонската група, чија идна посета на членовите во Македонија како основа ...

Read More »