Tag Archives: Македонци

Песната “Врати се” посветена на Македонците од областа Гора (ВИДЕО)

Музичката група со потекло од Гора издаде песна посветена на емиграцијата на Македонците од областа Гора во Албанија, песната е насловена “Врати се”. Текстот на песната го напиша Шуаип Мемишај, музика Горан Борјан (Рамче), пее Фатмир Красниќи.  

Read More »

Македонците од административни единици Острени и Требиште во областа Голо Брдо апелираат да се асфалтрира патот Мостот на Церенец- Стеблево (ВИДЕО)

Иако требаше да биде асфалиран патот што ќе ги поврзува Дибра со Либражд, во моментов страшна е состојбата на патот Мостот на Церенец- Стеблево. Македонците во двете административни единици Острени и Требиште во областа Голо Брдо, се надеваат дека ветувањата ќе се реализираат, патот ќе биде асфалтиран и дека патот ќе биде безбедебеден за користење. Како информација за јавноста, да кажеме ...

Read More »

Партијата Наша Иницијатива ги осудува манипулациите на Софија за Македонците и Бошњаците на Косово како Бугари

Партијата Наша Иницијатива на Косово изразува загриженост по повод ненадејната посета на потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова на 18 февруари 2023 година и вестите во Бугарија за нејзината посета на Косово. Партијата Наша Иницијатива ја отфрла изјавата на потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова дека, на Косово живеат околу 15.000 Бугари, мислејќи на Македонците во областа Гора и Призренска Жупа. Партијата Наша ...

Read More »

Меѓу Македонците во Грција: Не се даваме, по државност сме Грци но по националност сме Македонци

Во 2021 година се случија два тажни закопи во Овчарани. Починаа маж и жена, во своите 90 и кусур години возраст. Нивниот син Панајотис на надгробните споменици покрај грчкото им го запиша и македонското име и презиме. Сега покрај името на татко му Јоанис Анастасиадис стои и името Јане Ашлаков, а покрај името на мајка му Дона Анастасиадис стои и ...

Read More »

Ќе се реставрирa Пештерската црква Св.Богородица и ќе има осветлување на островот Мал Град (ФОТО + ВИДЕО)

Регионалната дирекција за национална култура од Корча ќе ја реставрира црквата Света Богородица, на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа ќе има санација на панорамската патека и осветлување на островот Мал Град. Проектот е дизајниран од тимот на регионалната дирекција за национална култура од Корча и ќе се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, Министерството за култура на Албанија и Министерството за култура Македонија ...

Read More »

Ќе се реставрирa Пештерската црква “Св.Богородица” на остров Мал Град (ВИДЕО)

Регионалната дирекција за национална култура од Корча ќе ја реставрира црквата Света Богородица, на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа ќе има санација на панорамската патека и осветлување на островот Мал Град. Проектот е дизајниран од тимот на регионалната дирекција за национална култура од Корча и ќе се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, Министерството за култура на Албанија и Министерството за култура Македонија ...

Read More »

Потпишан меморандум за меѓугранична соработка помеѓу општините Преспа, Пустец и Ресен 

Во општина Преспа во Грција, беше потпишан Меморандум за меѓугранична соработка помеѓу општините Преспа во Грција, Пустец во Албанија и Ресен во Македонија. Меморандумот го потпишаа Панајотис Паскалидис градоначалник на општина Преспа, Пали Колефски градоначалник на општина Пустец и Јован Тозиевски градоначалник на Општина Ресен. Меморандумот предвидува меѓугранична соработка на трите општини и унапредување на соработката во областа на културата, ...

Read More »

Општината Пустец е единствената во Албанија во која нема аптека

Општина Пустец, областа Мала Преспа е единствена општина во Албанија без аптека, поради што повеќе од 3 000 жители на оваа мала општина треба да поминат десетици километри за да набават лекови во Корча, Поградец или Ресен јави Ора њуз. Аптека немаме. Нема каде да набавиме ниту основни лекови за едноставни болести. Кога имаме здравствени проблеми или самите одиме до ...

Read More »

Со европски пари ќе се рехабилитира патот до црквата на островот Мал Град, ќе се санира плоштадот во село Глобочани и патот до музејот на Спасе

Во просториите на општина Пустец потпишан е договор меѓу четворица партнери за почеток на проектот „Smart4You2“, што е поддржан од ИПА2. Според градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, освен него потпис ставиле претставници на општина Битола и музејскиот центар од овој град, како и Регионалната дирекција за културно наследство од Корча.  Проектот кај нас опфаќа рехабилитација на патеката до црквата „Света Богородица“ ...

Read More »

Македонците низ светот обединети за празникот 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор

Единаесетти октомври, Денот на македонското востание и на Народноослободителната борба, беше одбележан низ целиот свет, секаде каде што има Македонци, со јасни пораки за значењето на празникот, антифашистичката борба на македонскиот народ, НОБ и револуцијата, кои се втемелени во државноста и во она што денес се нарекува независна и суверена Македонија. Единаесетти октомври се чествува како државен празник во Македонија, ...

Read More »