Tag Archives: Македонија

Македонија: Сашко Кедев го освои врвот Нанга Парбат во Пакистан

Алпинистот и кардиолог, Сашко Кедев утрово заедно со уште деветмина планинари го освои врвот Нанга Парбат висок 8.125 метри, на планинскиот масив Каракорум во Пакистан, јавува „Nepal News“ Станува збор за деветтиот највисок врв во светот. Кардиологот Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и Еверест, во 2009 година.

Read More »

Средба на комисиите за европски прашања на парламентите на Македонија, Албанија и Косово

Средба меѓу претседателите и членовите на комисиите за европски прашања на парламентите на Република Македонија, Република Албанија и Република Косово се одржа денеска, во рамки на работната посета на Скопје на парламентарните делегации на двете соседни земји. Со состанокот претседаваа претседателите на трите  работни тела, Арбер Адеми од Комисијата за европски прашања во Собранието на Македонија, Јорида Табаку, која ја ...

Read More »

КУД “Илинден” од Битола на 5 -то издание на фоклорен фестивал „Духот на Балканот“ во Корча

Во Корча се одржа 5-то издание на фестивалот „Духот на Балканот“ што донесе прекрасна атмосфера со фолклорни елементи во театарот „Андон Зако Чајупи“. Балканската традиција на карактеристична облека и ора обедини групи од Со изведби на ора и песни од целиот Балкан, домашните и странските уметници се здружија за да ја пренесат богата култура и традиција. Шест балкански земји го ...

Read More »

Крушево и Елбасан го презентираа проектот за прекугранична соработка

Проектот за прекугранична соработка „Крушево и Елбасан – призната туристичка прекугранична дестинација“ е еден од најуспешните од третиот повик на ИПА програмата што ја финансира Европската унија, беше истакнато на денешната презентација на Проектот на полетувалиштето на Мечкин Камен на кое присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир, од министерството за локална самоуправа и градоначалниците на Елбасан и на Крушево. Ова е моја ...

Read More »

Претседателот Пендаровски во Брисел оствари средба со белгискиот премиер Александер Де Кро

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел, во рамки на работната посета на Белгија, оствари средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро. На средбата беа констатирани пријателството и партнерството меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беа билатералните односи, македонската евроинтеграција, економската соработка, како и политичките и економски текови во Европа. Претседателот Пендаровски го поздрави позитивниот тренд на ...

Read More »

Се одржа А5- Конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации

Во рамки на претседавањето на Македонија со САД-Јадранската Повелба на 19 мај 2023г. Министерството за надворешни работи на Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Македонија организираше Конференција за Стратешки комуникации со наслов „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Конференцијата почнa со воведни обраќања на државниот секретар во министерството за надворешни ...

Read More »

„Брз одговор 23“: Започнува една од најголемите воени вежби во Македонија

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни. „Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово. Во делот од вежбата што ...

Read More »

Средба на директорите на македонската и албанската агенција за странски инвестиции и промоција на извозот

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Газменд Абдија, денеска во Тирана оствари средба со директорот на Албанската агенција за развој на инвестиции, АИДА, Сокол Нано. Средбата се одржа во рамки на напорите за продлабочување на соработката меѓу институциите. За време на средбата, соговорниците го споделија своето искуство за олеснување и привлекување странски инвестиции, како ...

Read More »

Османи: ОБСЕ и Совет на Европа ќе ги зачуваат заедничките вредности и демократски принципи

Зборувајќи на завршната сесија на четвртиот самит на Советот на Европа (СЕ) што се одржува во Рејкјавик, Исланд, Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи истакна дека ОБСЕ и СЕ споделуваат заеднички вредности и принципи градени со децении – одбрана на демократијата и достигнувањата на мултилатерализмот што се нарушени со воената агресија на Русија врз Украина. „Обединети ...

Read More »