Tag Archives: Македонија

Во Прилеп се одржа 20-тиот Семакедонски собир на Македонците од сите делови под мотото „Заветот на Гоце Делчев“ (ВИДЕО)

Гоце Делчев е Македонец, а Илинденското востание македонско. Тие се нераскинлив дел од историското наследство на Македонија и не можат да бидат дел од никакви политички пазарења. Се додека за Софија Македонија е Бугарија и македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, овој став ќе се смета за непријателски обид Македонија да стане држава без територија и народ. Ова беа едни ...

Read More »

Работен состанок на градоначалниците на Охрид, Струга и Поградец

Градоначалникот Константин Георгиески денеска оствари работен состанок со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Поградец, Илир Џаколи. На работниот состанок на кој присутвуваа и претставници на невладиниот сектор се разговараше за заедничките интереси кои ги имаат трите крајбрежни општини на Охридското Езеро. Особено беа потенцирани темите oд областа на туризмот, животната средина и зачувувањето на светското природно и ...

Read More »

Промовирани возила и специјализирана опрема за спасување во прекуграничниот регион околу Охридското Езеро oд програмата ИПА2 меѓу Македонија и Албанија 

Специјализирана опрема за спасување во зимски услови и возила добија Црвен крст – Охрид, општините Дебрца и Грамш и алпинистичкиот клуб „Патагонија“ преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. На промоцијата денеска во Охрид присуствуваа министерот за локална самоуправа Горан Милевски, евроамбасадорот Дејвид Гир, ...

Read More »

Македонија: Комеморативното одбележување по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, имаше обраќање на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, ден на кој се сеќаваме и им оддаваме почит на преку шест милиони невини деца, жени и мажи, вклучувајќи ги 7.144 македонски Евреи, кои своите животи го загубија во Аушвиц – Биркенау, Треблинка и другите логори ...

Read More »

Од денес брзи антиген тестови и на Меѓународниот аеродром Скопје

Од денеска брзи антиген тестови се достапни и на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти ТАВ Македонија, која управува со аеродромите во земјава. Резултатите ќе се добиваат за 15-20 минути. „Со цел да одговориме на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната (http://skp.airports.com.mk/en-EN/media-centre/announcements/page/-covid-19-announcement-new-restrictions-for-passengers-travelling-to-netherland-germany-and-france-switzerland-), ТАВ Македонија најде решение за барањето за брзи антиген тестови направени непосредно ...

Read More »

Поезијата како дуохвен азил

Билјана З.Билјновска од Скопје, Република Македонија е професионален (фриленс) незиавсиен превоедувач, новинар, писателка, есеистичар, поетеса. Поголемиот дел од школувањето го следела на српскохрватски јазик во Белград, каде завршила осмогодишно и средно училиште и дел од факултеското образование. Дипломирала на Државниот универзитет “Свети Кирил и Методиј“, на филолошкиот факултет во Скопје, на групата Романска филологија каде ги изучувала францускиот и италијанскиот јазик,литература ...

Read More »

Чешка донираше 108 000 заштитни маски, 18 000 маски тип FFP2/N95 и 5 000 медицински наметки за Македонија

Чешка и донираше на Македонија преку Европскиот Механизам за цивилна заштита  која се состоеше од: 108000 хируршки маски, 18000 маски тип FFP2/N95 и 5000 медицински наметки. Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој присуствуваше на примопредавањето на донацијата истакна дека додека ги чекаме вакцините фокусот на владата е да обезбеди заштитен материјал за оние во првите борбени редови. На настанот ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија Орбан и со министер за надворешни работи Сијарто

Денеска (18 јануари, 2021 година) Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски во Будимпешта остварија работна средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи  Петер Сијарто. На средбата со унгарскиот премиер Орбан беа констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу ...

Read More »

Одбојкарите на Македонија по вторпат на ЕП

Македонија е на чекор до промоција на ЕП 2021 откако нашиот национален тим го доби денешниот последен натпревар против Турција со 3-1 во сетови. Турците остануваат првопласирани во групата, но Македонија со три победи на вкупно четирите средби е многу блиску до промоција како една од најдобрите пет второпласирани репрезентации во седумте групи. Неколку групи се уште не се ниту стартувани, ...

Read More »

Германија донираше возила и опрема во вредност од околу 660 илјади евра за Македонска полиција

Дваесет и две возила, техничка опрема за присилно запирање на возила, за напредна проверка на документи, термални камери, батериски лампи, светлички стопалки, чизми и флуоресценти елеци донираше денеска Германија за потребите на граничната полиција во Министерството за внатрешни работи. Возилата се во вредност од околу 370 илјади евра, а вредноста на техничката опрема изнесува 290 илјади евра. Вкупна вредност на ...

Read More »