Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на ковид-19. – Скопје 26 – Куманово 6 – Штип 7 – Тетово 9 – Струга 2 – Велес 1 – Кочани 1 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент ...
Read More »Tag Archives: Македонија
Македонија: Набавени нови респиратори за јавното здравство во соработка со УНИЦЕФ
Министерот за здравство Венко Филипче, денеска присуствуваше на примопредавањето на нови респиратори, обезбедени во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Како што соопшти Министерството за здравтво, во оваа прва фаза се испорачани седум респиратори, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи низ државата каде се третираат вакви случаи, а во претстојниот период е предвидено да се обезбедат уште три ...
Read More »Фридман: Македонскиот јазик е единствен и уникатен
Во синоќешната дебатна емисија “Заспиј ако можеш” гостуваше професорот Виктор Фридман од САД кој се осврна на македонскиот јазик и бариерите со кои се соочува во изминатиот период со Република Бугарија. Според Фридман македонскиот јазик е уникатен и не може да биде ничија копија, иако Република Бугарија сака да го присвои, односно да го поистоветува со бугарскиот јазик. Тој посочи дека македонскиот ...
Read More »Албанија ги отвора границите кон Македонија на 1 јуни
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави денеска дека Албанија ќе ги отвори своите копнени граници за граѓаните на Македонија, Косово и Црна Гора на 1 јуни. Рама додаде дека плажите за туристите ќе се отворат 10 дена подоцна, по 10 јуни.
Read More »Мицкоски: Честитка по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј
Дозволете ми од мое и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам државниот празник, Денот на сесловенските просветители и учители, Св. Кирил и Методиј. На овој ден Св. Кирил и Методиј ја започнуваат Моравската мисија на која ја шират првата словенска азбука, глаголицата. Со своето творештво македонските просветители даруваа многу народи со писменост, просветлувајќи го патот на развојот и ...
Read More »Проф. Илија Велев: Свети Кирил и Методиј кодификатори на старословенскиот богослужбен и книжевен јазик
Повеќеслојната историска претстава за св. Кирил и Методиј нема до крај да биде проследена и културолошки презентирана доколку не се согледа и нивната улога како устроители на првото словенско писмо – глаголицата, но и како кодификатори на старословенскиот богослужбен и книжевен јазик. Ваквиот висок цивилизациски и културолошки чин се иницирал и се реализирал во функција на подготовките и спроведувањето на ...
Read More »Честитка од КОВЗРГ за празникот Свети Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост
По повод големиот црковно-државен празник свети Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски упати честитка до Aрхиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и до свештенството и ...
Read More »Успешна првата трансплантација на срце во Македонија
Во раните утрински часови, околу 02 после полноќ започна да чука првото трансплантирано срце во градите на 54 годишен пациент. По шест часа операција, лекарскиот тим го разбуди првото трансплантирано срце во период кога здравството се соочува со пандемија од коронаравирус. Трансплантацијата беше извршена Државната кардиохирургија, а ја извршија заеднички тим од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), ...
Read More »Бигорската обител го пречека својот игумен, Архимандрит Партениј како новоизбран епископ
Со серадосно ликување, Светата Бигорска Обител, заедно со притекнатите верници, достоинствено го дочека својот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, кој денес едногласно беше избран за нов епископ од страна на светите архијереи на Свештениот Синод на МПЦ-ОА. По повод свечениот пречек, Старецот низ солзи ги упати кон нас овие татковски зборови: Мили мои, во овој миг сум особено возбуден, не ...
Read More »Македонија: Охридското езеро доби полу подморница (ФОТО)
Охридското езеро пред почетокот на туристичката сезона ја доби првата полу подморница. Ова пловило кое ќе биде нова атракција за охриѓани и туристите денеска беше пуштено во езерото. Полу подморницата е пловило кое на дното има стаклен дел во кој може да се сместат патниците и да уживаат во подводниот свет на Охридското езеро.
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden