Во новиот состав на Советот на општина Пустец, партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција има три советници. Споредено со претходниот состав партијата сега има едно советничко места помалку. Во општнскиот совет, кој брои 15 членови. Советничките места според изборните резултати Социјалистичка партија 659 гласа или 32,21% отсто од гласовите 5 советници Заедно освојуваме 467 гласа или 22,83% отсто од гласовите ...
Read More »Tag Archives: Македонска Алијанса за Европска Интеграција
Македонска алијанса за европска интеграција со сопствена листа во Пустец, во други општини нејзини кандидати на листите на СП
Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ на неделните локални избори своја советничка листа има само во Пустец, а во други градови нејзини кандидати се на листите на владејачката Социјалистичка партија. Во општина Пустец настапуваме со наша кандидатска листа за 15-члениот општински совет. Носител на листата е Таќо Гроздани, генерален секретар на Партијата. Во други општини, меѓу кои Тирана, Корча, Подградец, ...
Read More »Стерјовски на ОБСЕ/ОДИХР им кажа за бугарската политика на асимилација на Македонците во Албанија
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ, Васил Стерјовски денеска во Корча остварил средба со Марион Џоуанет и Филипо Ристолдо, претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, за локалните избори кои ги запознал со „разните методи и притисоци што последните години Бугарија како членка на ЕУ ги врши за асимилација на Македонците во Албанија”. На ...
Read More »Кристиан Трајче избран за претседател на Општинскиот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција за областа Преспа
За нов претседател на Општинскиот комитет на партијата Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ е избран Кристиан Трајче од село Туминец, Општина Пустец. На состанокот присуствуваше раководството на партијата, претседателот Васил Стерјовски, генералниот секретар Таќо Гроздани и потпреседателот на МАЕИ за делот на Преспа Ефтим Митревски. Искрено се радувам на изборот за претседател на Општинскиот комитет на Македонска алијанса за ...
Read More »Пелеши: Македонската заедница е додадена вредност во мозаикот на вредности на нашите простори
Социјалистичка партија (СП) ги објави имињата на кандидатите за градоначалници со кој ќе настапи на локалните избори што ќе се одржат на 14 мај годинава. Политичкиот координатор на партијата за Округот на Корча и министер за одбрана, Нико Пелеши во изјава за медиумите во Тирана ги престави кандидатите за градоначалници во општините во овој округ и го официјализира заедничкиот настап ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција поднесе барање за регистрација за локални избори во Албанија
Централната изборна комисија соопшти дека почна со подготовките за локалните избори кои ќе се одржат на 14 мај 2023 година кога политичките партии ќе се тркаат за градоначалничките места. Mеѓу партиите кои што ќе се борат за избор на градоначалници ќе биде и единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Централната изборна комисија утре 08.03.2023 ...
Read More »Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Стерјовски освари средба со амбасадорот на Романија во Албанија, Шербан
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски освари средба со амбасадорот на Република Романија во Република Албанија, Октавиан Шербан. На средбата се разговараше за положбата на македонското национлно малциство и другите малцинства во Република Албанија и предизвиците со кои се соочуваат малциствата.
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција бара отштета за изгорени електрични апарати во село Горна Горица, општина Пустец
Единствената македонска партија, во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), ја поддржува рекацијата на граѓаните од село Горна Горица, општина Пустец и бара од Електродистрбуција да ги исплати штетите предизвикани од честите прекини во елекромрежата. -Никако да завршат проблемите со струјата во општина Пустец. Откако жителите на македонската заедница во општина Пустец поминаа една недела без струја, вчера во ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција: Грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија во намерата за асимилација на Македонците во бугари
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) најостро ги осудува најновите провокации и лаги на бугарската амбасада во Тирана која во денешното соопштение објавено на страната на амбасадата тврди, дека децата од областа Корча го прославија „Божик на бугарски“ и дека амбасадата на сите деца од градинка до 12 одделение во општина Пустец им поделија божикни и новогодишни подароци. Македонска алијанса ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција упати честитка по повод новогодишните празници
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) Ви ја честита Новата 2022 година, со желби за добро здравје, среќа и благосостојба! И во 2022 година, Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) ќе биде гласот на Македонците во Албанија, ќе продолжи со својата мисија за заштита на правата на Македонците, за подобрување на условите за живот и работа на оваа заедница ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden