УНИЦЕФ донираше средства за хигена за учениците и посиромашни семејства во Општина Пустец 

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Тирана распредели пакети со средства за одржување на хигиената за учениците од основните и средното училиште,како и градинките во општина Пустец. Со оваа хумантарна помош се опфатени и неколку семејства,кои се во најнеповолна социо – економска положба.

Распределни се 234 пакети со срества за одржување на хигиена,што секако е дојбредојдена помош за учениците но и посромашните семејства, во овој период на пандемија. Голема благодарност до донаторот, велат од општина Пустец. Во оваа општина во изминатите месеци, во неколку наврати,освен помошта Фондот за итни случаи на Општина Пустец, за семејства кои се во најнеповолна економска состојба распределан беше помош и од разни донатори.

Неодамна седумдесеттина семејства добија прехрамбени артикли, средства за одржување на хигиена и лекови, од донатор кој посакал да остане анонимен. Помош донираа и фондациите „Еден поразличен викенд” и „Кенеди”, бизнисмените Босилко Аговски и Мехмет Казимлари, како и други фирми и поединци. Во општина Пустец, во која живеат над пет илјади Македонци, до сега нема ниту еден случај на заразен со Ковид-19.

Advertisement