Васил Јанкула Македонец од Мала Преспа боледува од детска целебрална парализа ќе биде учесник на 32-рото издание на Охридскиот Меѓународен Атлетски Маратон (ВИДЕО)

 

Што е тоа што не тера да и покрај сите тешкотии на кој сме наишле упорно да ја продолжувале традицијата на 32-рото издание на Охридскиот Меѓународен Атлетски Маратон, едноставно кога ќе видиш со каква воља и со колку пожртвуваност маратонците се трудат да ја завршат оваа трка, која навистина е предизвик и за многу искусни маратонци, навистина би било многу не фер ти кој им го даваш тој предизвик да се откажеш.

Васил Јанкула боледува од детска целебрална парализа но воедно и човек со огромна воља и бистар ум. Неговата желба да со точак на 3 тркала ги помине овие навистина тешки 30 км полни со големи угорници и удолници кај нас како Организационен Одбор беше предизвик и со страв сепак беше прифатена секако вон конкуренција. Големината на вољата и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги.

Овој млад човек и покрај својот физички хендикеп ке ја извози патеката од 30 км со својот велосипед за да ни покаже дека различностите се насекаде околу нас но дека треба да бидат прифатени дека и пациентите со посебни потреби односно физички недостатоци можат да бидат дел од еден ваков спортски настан. Ве молам сите на овој начин да му оддадеме огромна почит за големата упорност која ја има во себе. Васил Јанкула ке го гледаме на 8-ми Септември на стартот на овој настан традиционален веќе 32 години. Македонски весник Илинден му посакува успешно да му покажеш на светот дека физичкиот хендикеп не и може ништо на вољата на умот само напред. Огромен Респект за Васил Јанкула Македонец од Мала Преспа, Албанија.