Стерјовски освари средба со претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев

Денес, во работна посета на Република Македонија беше претседателот на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ од Република Албанија, воедно и пратеник во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски. При тоа, Стерјовски освари средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. “Срдечна средба во Владата на Република Македонија со премиерот, Зоран Заев каде разговаравме за положбата на македонската заедница во Албанија и за меѓусебната соработка на Албанија и Македонија” – напиша Васил Стерјвски на својот Фејсбук профил.