Author Archives: Весник Илинден

Петар Богдан, Македонец основоположник на Албанската книжевност строго чувана тајна (ВИДЕО)

Петар Богдани е Македонец е строго чувана тајна, а неговите дела се преведувани на албански и други јазици со одбегнување или искривување на висинското потекло на овој голем филозоф. Пјетер Богдани на книгата која е сочувана до денес и се држи како стого доверлива тајна, печатена во 17 век, е потпишан како Pjeter Bogdani – Macedone или во превод Петар ...

Read More »

Израел и САД излегоа од УНЕСКО

САД и Израел и официјално го повлекоа членството во УНЕСКО, организација на Обединетите Нации за култура, наука и образование, а ваквата одлука ја донесоа поради наводно промовирање на антиизраелски ставови во оваа организација. Одлуката за повлекување стапи на сила со почетокот на 2019 година, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ја објавија во 2017 ...

Read More »

Новогодишно обраќање на Ѓерѓ Мура извршен директор на Фондот за Западен Балкан

Крајот на една година е добро време за размислување за постигнувањата и за да видиме што сè уште треба да се постигне. За сите нас, во Фондот за Западен Балкан 2018 година беше извонредна година, исполнета со возбудливи задачи, незаборавни контакти и прекрасно спроведени проекти и многу стимулирање на идеи за нашата понатамошна работа. Во текот на оваа година ја ...

Read More »

Албанија од Нова година затвори околу 4 300 обложувалници

  Во Република Албанија од Нова година повеќе нема да има обложувалници и казина бидејќи нивното работење ќе биде забрането со закон. Согласно со законот ќе бидат затворени околу 4 300 обложувалници. Министерката за внатрешни работи изјави дека секое казино или обложувалници кои ќе работат илегално, ќе бидат третирани како парцела со канабис. Другата одлука која од Нова година важи ...

Read More »

Егејска Македонија: Почина најголемиот македонски поет Маркос Мешкос

Еден од најголемите писатели од Егејска Македонија Маркос Мешкос, почина на 83-годишна возраст по долгогодишна битка со ракот. Мешкос е роден во 1935 година во селото Горно Граматиково, Воденско, Егејска Македонија каде што утре ќе биде и погребен. Таму го завршил и средното училиште. Дипломирал на атинскиот Институт за технологија во школата Доксиади во Атина во 1968 година. Работел како ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”- Огранок Голо Брдо, г. Или Халилај на посета во Бигорскиот Манастир Св. Јован Крстител

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Огранок Голо Брдо, г. Или Халилај, на 31.12.2018 година беше во посета на Бигорскиот Манастир Св. Јован Крстител – Дебар, Република Македонија. Тој, со благослов на игуменот на Манастирот, Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, беше топло пречекан и оствари средба со дел од браќата монаси. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”- Огранок Голо Брдо, го информира ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов на ги посети припадниците на АРМ во касарната во Кичево

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, денеска, на првиот ден од Новата година, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Чеде Филиповски-Даме” во Кичево. Претседателот Иванов на припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на новогодишните празници им ја честита Новата 2019 година, посакувајќи им многу здравје, среќа и радост, како и ...

Read More »

Новогодишно обраќање на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов (ВИДЕО)

Доаѓањето на новата година кај секој од нас буди нови надежи, нови очекувања и копнежи за поубава, посреќна и безгрижна иднина. Годината што измина сите сакаме што побрзо да ја заборавиме, а годината што доаѓа да биде година на остварување на сите наши желби и соништа. Во овие моменти кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Нова Година 2019

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита  Нова Година 2019 годиа, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Read More »

Македонските одбојкари 4-0 против Албанија 

Македонските одбојкари ја совладаа Албанија во пријателски натпревар во Скопје, во циклусот погдотовки за завршницата од квалификациите за Европското првенство во 2019. Во салата на СРЦ „Форца“, двете репрезентации одиграа четири сета во мечот од затворен карактер во којшто двата селектора тестираа повеќе договорени варијанти. Првиот и припадна на Македонија со 25:23, во вториот црвено-жолтите беа убедливи со 25:17, како ...

Read More »