Author Archives: Весник Илинден

Македонците во Голо Брдо блокирани од снегот

Обилните врнежи од снег, присутни последните деновиве и на територијата на Албанија, ја блокираа областа Голо Брдо. Во овие ридско-планиснки подрачја, дебелината на снежната покривка достигнува,на одделни места и над еден метар. Како резултат на обилните врнежи од снег, сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо се целосно блокирани. Сите села се отсечени од светот. Требиште, Клење, Стеблево, Мало ...

Read More »

Американски црковен историчар: Вистинско време е автокефалноста на МПЦ-ОА да биде признаена од сите

Инес А. Мурзаку е професор по црковна историја, Оддел за религија, на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси, а до јуни 2016 година била основач на Одделот за католички студии. Завршила докторат од Папскиот ориентален институт во Рим и била професор по византологија на универзитетите во Болоња и Калабрија во Италија и Универзитетот во Минстер во Германија. Таа е одличен ...

Read More »

Косап: Македонија да опстои на зацртаните реформи

  Македонија да опстои на зацртаните реформи што би овозможиле добивање датум за почеток на преговори, е главната порака од денешната 13. Конференција на Парламентарните Комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ- Косап. Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во своето обраќање кажа дека за Македонија не е главна цел членството во ...

Read More »

Светскиот Македонски конгрес бара итно повлекување од разговорите за името

  Светскиот Македонски конгрес – СМК бара безусловен крај на разговорите за името, итно повлекување на противуставниот Закон за јазиците, како и итно и безусловно ослободување на притворените за настаните од 27-ми април. Светскиот Македонски конгрес во соработка со неколку меѓународни организации на наши иселеници, за утре најави протестен марш. Конгресот бара безусловен крај на разговорите за името, итно повлекување ...

Read More »

Претседателот на Владата на Република Македонија освари средба со Претседателот на Европската Комисија на ЕУ (ВИДЕО)

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска имаше средба со Претседателот на Европската Комисија на ЕУ, Жан-Клод Јункер, кој во придружба на еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, престојуваше во посета на Република Македонија, како дел од нивната турнеја во регионот. На заедничката прес-конференција на Премиерот Зоран Заев и Претседателот на ЕК Жан-Клод ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија оствари средба со претседателот на Европската комисија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претседателот на Европската комисија, г. Жан Клод Јункер. На средбата беше разговарано за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за процесот на евроатлантските интеграции, како и за клучните предизвици со кои се соочуваат регионот и Европската Унија. Претседателот Иванов изрази благодарност за поддршката на претседателот на ЕК, г. Јункер ...

Read More »

Партијата на македонското национално малцинство во Грција „Виножито“: Македонскиот јазик преживеа и потешки времиња

„Современиот македонски јазик, мајчиниот на Македонци во Грција, не е изгубен, се слуша насекаде, во селата на неколку километри од центарот на Солун, источно од Костур, во планините Драма, во селата. Се слуша секаде каде има македонска куќа, македонска душа, во македонските песни и ора, а луѓето сè уште ги нарекуваат малцинските села со нивните македонски имиња, а не со ...

Read More »

Ричард Симкот човекот кој течно зборува над 20 јазици и живее во Македонија

Ричард Симкот е хиперполиглот кој веќе 7 години живее во Македонија. Тој има дарба за учење нови јазици и течно зборува повеќе од 20  јазици. Освен јазиците на кои зборува течно, тој активно учел повеќе од 50 јазици. Роден е во Велика Британија и неговиот мајчин јазик е англискиот. Уште на рана возраст научил да зборува француски, а со оглед ...

Read More »

Балканот меѓу Русија и НАТО

    Балканот е регион каде што секогаш се прекршувале копјата на суперсилите и се преплетувале економските, политичките, па дури и воените интереси на главните играчи во геополитичката сцена во одреден момент од историјата. На ваква констатација насочуваат многуте анализи во медиумите што доаѓаат од САД и од Русија, но и серијата политички настани, кои се случија овој месец, евидентирани ...

Read More »