Author Archives: Весник Илинден

Претседателот Иванов ги прими членовите на Владата на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими членовите на Владата на Република Македонија. Со 62 гласа за, 44 против и 5 воздржани Собранието пред полноќ ја избра новата влада која ќе ја предводи премиерот Зоран Заев. Пратениците во парламентот гласаа за доверба на новата влада која е составена од 26 министри.

Read More »

Мирослав Лајчак нов претседател на Генералното собрание на Обединетите Нации

Мирослав Лајчак Словачкиот министер за надворешни работи, ќе биде следниот претседател на Генералнотo coбраниe на Обединетите Нации кој на функцијата ќе стапи од 72-то заседание на ова меѓународно тело, кое ќе почне во септември. Во Генералното собрание, кое има 193 земји-членки и кое го контролира буџетот на ОН, се слушна аплауз кога актуелниот претседател  Питер Томпсон објави дека Лајчак е избран ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ будно ќе го следи работењето на новото мнозинство и силно ќе се бори за интересите на државата

ВМРО-ДПМНЕ будно ќе го следи работењето на новото мнозинство и силно ќе се бори за интересите на државата. Државниот ќе остане пред партискиот и личниот интерес. Членството во НАТО и во ЕУ ќе остане приоритет, но и грижата за фер решение на спорот со јужниот сосед, истакна вечерва во Собранието претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Народот и понатаму ќе може ...

Read More »

Изгласана новата Влада на Република Македонија

Собранието на Република Македонија вечерва со 62 гласа „за“, 44 „против“ и пет „воздржани“ ја избра новата Влада. Владиниот кабинет на премиерот Зоран Заев ќе има 25 министри. Радмила Шекеринска-Јанковска е избрана за министер за одбрана, Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Драган Тевдовски за министер за финансии, Никола Димитров за министер за надворешни работи, Рената Тренеска Десковска за ...

Read More »

Турција хеликоперската несреќа загинаа 12 војници

Дванаесет војници загинаа во денешната несреќа на воениот хеликоптер “Сикорски“ на Турција, пренесе ТАСС. Хеликоптерот се урнал во округот Шарнак, во југоисточниот дел на земјата, во непосредна близина на ирачката граница. Според турски официјални претставници хеликоптерот удрил во далекувод.

Read More »

Пет награди во пет категории за АКУД „Мирче Ацев” на фестивалот „Хармонија” во Германија

Академскиот хор се натпреваруваше во три категории: мешани камерни хорови со обврзна композиција, фолклорни песни и фолклорни хорови (со придружба од Народниот оркестар); Ансамблот за народни ора и песни во својата категорија на игроорни ансамбли и Народниот оркестар во својата категорија на оркестри. АКУД „Мирче Ацев” се врати од Германија со пет освоени награди од пет пријавени категории. Имено, Академскиот ...

Read More »

Охрид најубав за посета за време на летото

  Град од мала држава, во Западен Балкан. Место на природна убавина и културно наследство. Место најчесто посетувано од домашните туристи и оние во дијаспората. Место каде што можете да пливате во небесно синото езеро и да слушате прекрасна традиционална музика. Тоа е градот Охрид, во Република Македонија. Градот има медитерански дух, иако е опколен со планини, освен што можете ...

Read More »

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана: Интервју за Радио 3ZZZ Мелбурн – Австралија програма на Македонски

Претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај даде интервју за Радио 3ZZZ од Мелбурн – Австралија програна на Македонски, зборуваше за правата на Македонците во Република Албанија.  

Read More »

Втор состанок на 21-та Конференција на НГШ од земјите-членки на САД-Јадранската повелба

Во рамки на подготовките за претстојната дваесет и прва Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), денес се одржа вториот состанок на работната група за имплементација на кој покрај припадници на АРМ како домаќин, присуствуваа претставници од армиите на САД и земјите членки на А-5. На состанокот членовите на работната група на ...

Read More »

Народната банка на Македонија: Незаконско вложување во виртуелни или крипто валути

Народната банка на Република Македонија денеска преку соопштение укажува дека според домашната важечка регулатива вложувањето од правни и физички лица резиденти на Македонија во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто како што не е дозволено ниту отворање сметки и купување хартии од вредност и деривативни финансиски инструменти во странство, освен при пропишани исклучоци. Укажувањето од НБРМ следи по ...

Read More »