Чудо пред Велигден се случило во Подгорица, Црна Гора. Според изјавите на мештаните на багремот чија гранка била отсечена пред два месеци се појавила Богородица. Дрвото денес веќе е хит, поставена е околу него ограда и луѓето масовно доаѓаат пред се за да го видат ликот на Богородица и да остават цвеќе, а секако и да си посакаат желба.
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Руска банка „Сбербанк“ ја напушта Украина
Најголемата руска банка „Сбербанк“ објави дека го продала својот удел во Украина. Банката се соочува со потешкотии во Украина од 2014 година, кога руската држава го анектира Крим. Според украински активисти „Сбербанк“ е симбол на несаканото руско присуство во земјата и нејзините филијали и згради кои често пати станувале предмет на вандализам во последните три години. На 16 март украинскиот ...
Read More »ВМРО-ДПМНЕ со решение за излез од политичка криза
Водејќи се од принципот за Единствена Република Македонија, а со цел да извлечеме поуки и да понудиме решение за излез од сегашната политичка криза, но и од можни идни политички кризи и случувања како партија го посочуваме следниот патоказ: Создавање на над партиски договор за секое идно принципиелно решавање на внатрешни разлики, во рамки само на институциите на државата, без ...
Read More »Македонската фудбалска репрезентација ја победи Белорусија со убедливи 3-0
Македонската фудбалска репрезентација ја победи Белорусија со убедливи 3-0. Нова победа за македонската фудбалска репрезентација, овој пат триумф над селекцијата на Белорусија со убедливи 3-0 во пријателски натпревар. Мечот започна претпазливо и од двете страни, но како одминуваше така почнуваа да се загрозуваат двата гола. Првата шанса ја имаше Белорусија преку Радионов, но Димитриевски одлично го одбрани неговиот удар. ...
Read More »Репрезентација до 21 година: Македонија ја совлада Бугарија
Македонската репрезентација до 21 година ја победи Бугарија со 1:0 во пријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Избраниците на Благоја Милевски заслужено се радуваа на нов триумф откако целосно доминираа на денешната пресметка. Фудбалерите кои ќе не претставуваат на ЕП во Полска создадоа многу шанси, искористивме една, промашивме и пенал, а притоа не му дозволивме ...
Read More »Се отвори архивата на поранешната тајна полиција во Албанија
Влада ја отвори архивата на поранешната тајна полиција Сигурими, повеќе од 25 години по падот на комунизмот. Во архивата на Сигурими се наоѓаат милиони страници документи и десетици илјади досиеја. Во декември 2016 година, основано е независно тело, задолжено преку архивата да ги води оние кои сакаат да ја истражат судбината на своите сакани или да испитаат некоја туѓа. Телото, ...
Read More »Црна Гора поблиску до приемот во НАТО
Црна Гора поблиску до влез во НАТО, откако вчеравечер американскиот Сенат даде зелено светло за завршување на расправата за ратификацијата на договорот со кој Црна Гора би станала најмладата членка на Северноатланскиот сојуз. Против беа двајца републикански сенатори Ренд Пол и Мајк Ли, кои сметаат дека нема смисла да се гарантира безбедност и одбрана на толку мала земја. Конечното гласање ...
Read More »Екслузивно интервју за Весникот „Илинден”: Борче Величковски претседател на македонската национална заедница во Србија
Борче Величковски е роден на 29.08.1973 година во Крива Паланка, Република Македонија Претседател на Националниот совет на македонската национална заедница, во мандатот 2010 – 2014 и 2014-2018. Дипломиран менаџер во медиумите. 10 години работно искуство во стопанството,10 години работно искуство во културата, пишаните и електронските медиуми и активизмот за заштита на човековите и малцинските прав. Бил на многу раководни ...
Read More »Од ноќеска почнува летното сметање на времето
На 26-ми март, часовниците треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот, почнува летното сметање на времето што ќе трае до последната недела на октомври годинава. Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и ...
Read More »Никола Попоски оствари работна посета на Принципатот Лихтенштајн
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денес оствари работна посета на Принципатот Лихтенштајн. За време на посетата се сретна со министерот за надворешни работи, образование и култура, Аурелија Фрик, како и со принцот Алојс. На средбите се разговараше за мултилатералната соработка, ефектите врз економиите и политичката интеграција во ЕФТА членките и за состојбата во балканските ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden