Десничарската партија „Алтернатива за Германија“ за прв пат на национално ниво изби пред конзервативниот блок CDU/CSU, покажува најновото истражување на „YouGov“, пренесува Deutsche Welle. Според анкетата, доколку парламентарните избори се одржат в недела, за „Алтернатива за Германија“ би гласале 27 проценти од испитаниците – два поени повеќе отколку во август. Поддршката за ЦДУ/ЦСУ е 26 проценти, што е пад од ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски на средба со членови на Конгресот на САД
Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, вчера оствари одвоени средби со конгресмените Роберт Адерхолт, Клаудија Тени и Даниел Вебстер. На средбите се разговараше за билатералните односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, сојузништвото во рамки на НАТО, модернизацијата на Армијата, како и за македонската перспектива во однос на ...
Read More »Македонија: Битола ќе добие нов, впечатлив и модерен влез, најави Коњановски
Со забрзани градежни активности, булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп добива финален изглед. На терен се работи со дневни и ноќни смени – асфалтирање, поставување инсталации, уредување на тротоари и атмосферска канализација. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека распоредот на движење на возилата е организиран така што се минимизираат застои во сообраќајот, а воедно се овозможува квалитетна ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана му го честиташе изборот на Нико Пелеши за претседател на Собранието на Албанија
Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, му го честиташе изборот, за претседател на парламентот, на Нико Пелеши, кој често кажува дека „македонската заедница е прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности во Албанија“. Дозволете ми, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во мое ...
Read More »Мрежата SafeJournalists, MFRR, RSF и партнерските организации во Албанија испратија отворено писмо за подобрување на пристапот на новинарите до албанскиот парламент
Фото: SafeJournalists Мрежата SafeJournalists, заедно со нашите партнери Media Freedom Rapid Response (MFRR), Reporters Without Borders (RSF) и организациите за слобода на медиумите во Албанија, инициравме и испративме отворено писмо до претседателот на Парламентот на Албанија, Нико Пелеши. Во писмото, изразуваме сериозна загриженост во врска со предлозите на парламентарното мнозинство за ограничување на пристапот на новинарите до Парламентот. Пријавените промени ...
Read More »Членовите на новата влада во Албанија положија заклетва
Имињата на новиот владин кабинет: 1. КЛОДИЈАНА СПАХИУ, заменик-претседател на албанскиот парламент 2. ТАУЛАНТ БАЛА, претседател на пратеничката група на Социјалистичката партија 3. БЕЛИНДА БАЛУКУ, заменик-премиер, министер за инфраструктура и енергетика 4. АЛБАНА КОЧИУ, министер за внатрешни работи 5. ЕЛИСА СПИРОПАЛИ, министер за Европа и надворешни работи 6. ПЕТРИТ МАЛАЈ, министер за финансии 7. БЛЕНДИ ГОНЏЈА, министер за култура, туризам ...
Read More »Македонија: Николоски креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура, безбедност во сообраќајот е врвен приоритет
Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урабниот транспорт. ...
Read More »Албанскиот парламент го потврди четвртиот мандат на Еди Рама
Парламентот со гласовите на владејачкото мнозинство ја усвои програмата „Албанија 2030“ на мандатарот Еди Рама. „За“ гласаа 82 пратеника, „против“ и „воздржани“ немаше, бидејќи опозицијата не учествуваше во гласањето. Поради тензичната ситуација, што ја создадоа опозициските пратеници, кои покрај другото фрлаа примероци од Уставот и деловникот на Парламентот кон Рама, во знак на незадоволство од министерката за вештачка интелигенција Диела, ...
Read More »Американскиот сенат со Резолуција за Денот на независноста на Македонија: Уште многу децении заеднички просперитет
Честитки до народот на Македонија за 34-годишнината од нивната независност и прославата на 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, е објавено во Резолуцијата на Сенатот на САД. Група сенатори на чело со конгресменот Питер Велч (во негово име, конгресмените Тилис, Шахин и Рикетс) ја поднесе следната резолуција; која беше упатена до Комитетот Со оглед на тоа ...
Read More »„Диела“ на официјална страница на Фејсбук: Мојата служба за вас нема да престане во ниту еден момент
Премиерот Еди Рама преку објава на социјалната мрежа Фејсбук информираше дека Диела, првата државна министерка за вештачка интелигенција во Албанија, отворила своја официјална страница на оваа платформа. Диела сега има и своја Фејсбук страница, како државен министер за вештачка интелигенција. Ви посакувам убав ден, напиша Рама. Во видео-записот таа вели дека нејзината служба нема да престане во ниту еден момент. ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden