Author Archives: Весник Илинден

Проданоски: Ќе го градиме Прилеп со трудот и знаењето на нашите градежници

Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со претставници на прилепските градежни компании, на која се разговараше за состојбите во секторот и за можностите за заедничка работа на поефикасна, транспарентна и фер градежна политика. „Градежниците се двигатели на секој развој. Тие се партнерите со кои Прилеп ќе продолжи да се гради — со уредна инфраструктура, современи населби ...

Read More »

Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски денеска се обрати на отворањето на јубилејното, десетто издание на Adria Security Summit, што оваа година по втор пат се одржува во Скопје. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека самитот претставува најзначајна регионална платформа која ги обединува институциите, експертите и компаниите од областа на безбедноста и технологијата со цел создавање на ...

Read More »

Општина Пустец привлекува сè повеќе туристи 50 илјади посетители за девет месеци

Општина Пустец, со својата природна убавина, езерскиот предел и бројните цркви и манастири, станува сè попопуларна туристичка дестинација. „Во првите девет месеци од годинава нашата општина ја посетија околу 50 илјади туристи“, изјави за МИА градоначалник на Пустец. Освен македонските туристи, сè поголем е и бројот на посетители од различни европски држави, кои се воодушевени од убавините на регионот. Според ...

Read More »

Новите барања на САД се закана за договорот за царините со ЕУ

На новите барања од САД за отстапки гледаат како на потенцијално поткопување на неодамнешниот договор кој ги врати сојузниците од работ на трговска војна. На почетокот на месецов, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испрати нов предлог до ЕУ за спроведување на „реципрочна, фер и балансирана“ трговија, според лица запознаени со прашањето, кои зборуваа под услов на анонимност заради приватноста ...

Read More »

МАЕИ со честитка до новоизбраниот Митрополит на Корча, Неговото Високопреосвештенство г.г. Анастаси

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, упати честитка до новоизбраниот Митрополит на Корча, Неговото Високопреосвештенство г.г. Анастаси, по повод неговиот избор и устоличување во високата и света должност. Во честитката, Стерјовски наведува дека овој избор претставува значаен момент за православните верници од Корчанскиот округ и за целата Автокефална православна црква на Албанија. Тој изразува уверување дека ...

Read More »

Четири кандидати во трката за нов шеф на СПАК

Мандатот на Алтин Думани завршува во декември, а четворица кандидати ги поднесоа своите платформи за избор на шеф на Специјалното обвинителство. Клодијан Брахо беше првиот што ја поднесе својата апликација до КЛП, додека по него своите барања ги поднесоа и Елвин Гогај, Долореза Мусабелиу и Аднанд Џоли. Алтин Думани беше избран за шеф на СПАК на 18 декември 2022 година ...

Read More »

Полицијата во Тирана уапси три лица во врска со убиството на судијата Астрит Калаја

Полицијата во Тирана уапси три лица во врска со убиството на судијата Астрит Калаја, сериозен инцидент што се случи во судницата на Апелацискиот суд. Преку соопштение за медиумите, полицијата објави дека обезбедувањето во судницата не презело никакви мерки за физички претрес на чичкото и внукот Ѓон и Елвис Шкамби, иако уредот за скенирање (детектор), во моментот кога влегле во судницата ...

Read More »

Французите заинтересирани за туристичниот потенцијал  во Општина Пустец

Претставници од организациите TETRACTYS и Геомједис, поддржани од француската амбасада, денеска беа во посета на Пустец, каде имаа средба со градоначалникот Пали Колефски и претставници  од секторот за туризам. “Посетата е во рамки на иницијатива за запознавање со туристичките потенцијали на југоисточниот регион на Албанија, вклучително и областа Преспа. Целта е вклучување на Преспа во туристичките промоции, со што ќе ...

Read More »

Новоизбраниот градоначалник на германски град избоден повеќе пати

Ирис Шталцер (57), новоизбраната градоначалничка на градот Хередеке во индустрискиот регион Рур, е во животна опасност откако беше нападната и избодена повеќе пати пред нејзиниот дом , објавија германските медиуми Билд , Велт , Фокус и т-онлајн . Сталцер, членка на Германската Социјалдемократска партија (СПД) , беше пронајдена во неделата вечерта од нејзиниот син во нивниот стан, каде што успеа да се врати дома сериозно повредена. Според првичните извештаи, таа добила најмалку 13 убодни ...

Read More »

ОМО “Илинден“: Јазикот на омразата кон Македонците во Бугарија е израз на страв, несигурност и политичка манипулација

Обединетата македонска организација “Илинден“ ги лоцира причините, манифестациите и последиците од јазикот на омразата кон Македонците во Бугарија. „Во современото општество, јазикот на омраза е опасна алатка која ги поткопува демократските вредности, социјалната кохезија и меѓуетничкото разбирање. Во Бугарија, еден од најсериозните и често занемарени примери на ваков говор е односот кон етничките Македонци, особено во Пиринска Македонија – регион ...

Read More »