Верниците денеска на 13 јуни го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток. Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонското друштво “Илинден”- Тирана му го честита реизборот за европратеник на Лорант Винце, претседател на ФУЕН
Македонското друштво “Илинден”- Тирана, кое повеќе од девет години е член на Федералната унија на европските националности, ФУЕН му го честиташе реизборот за европратеник на Лорант Винце. Дозволете ми во мое лично име, како претставник на Македонците во Република Албанија, а во име на македонското друштво “Илинден“-Тирана, да ви честитам за победата на Евроизборите 2024 и како пратеник во Европскиот ...
Read More »Албанија го претстави првото оклопно воено возило „Made in Albania“ – „Шота“
Компанија „Тимак“ го комплетираше првото албанско оклопно возило, кое ќе биде претставено на изложбата за одбрана и безбедност Eurosatory во Париз. Во претставувањето на прототипот, дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, се наведува дека името на првиот ваков автомобил е „ШОТА“. Арјета Пуца, сопственичка на компанијата вели дека автомобилот бил произведен за многу кратко време, околу три месеци, и оти ...
Read More »Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Германија (ФОТО)
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова оцени дека припадниците на македонската дијаспора во Германија, како наша најбројна иселеничка заедница во Европа, имаат посебно важна улога, и посочи дека се мост којшто дополнително ги јакне добрите билатерални односи меѓу двете држави. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на работната посета на Берлин по повод учеството на Конференцијата за обнова на Украина, ...
Read More »Косово ја слави 25-годишнината од своето ослободување
Косово одбележува 25 години од ослободувањето, кога мировните трупи на НАТО влегоа во Косово по воздушната кампања на Северноатлантската алијанса против српските воени и полициски цели во Косово и Србија. Поранешниот американски претседател Бил Клинтон на мрежата Икс напиша дека е благодарен за 25 години мир на Косово. Клинтон беше награден во Косово за неговиот придонес во ослободувањето на земјата. ...
Read More »Носиите обединуваат каде што државните граници – разделуваат
Македонските народни носии се еден вид историја во мало, не само на македонската култура туку и на македонскиот народ и неговите типични идентитетски исконски карактеристики И денес, во неколку етнички предели во Македонија сѐ уште се сретнуваат жени што ја носат својата носија, во редуцирана форма, но тие се и последни доследни чувари на македонската традиција. Во Музејот на македонската ...
Read More »Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска – Давкова оствари средба со генералната секретарка на Советот на Европа, Пејчиновиќ Буриќ, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин
Двете соговорнички разменија мислења и за европската перспектива на регионот, како и за нашиот значаен придонес во обезбедувањето на мирот и стабилноста на Европа. Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова оствари средба со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Берлин. На средбата беше разговарно за плодната ...
Read More »Комитетот на министри на Советот на Европа годинава за првпат двапати ќе расправа за правата на Македонците во Бугарија
Во последната одлука на Комитетот на министри на Советот на Европа содржани се јасни критики кон бугарските власти за досегашното непреземање на никакви мерки за спроведување на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур. Комитетот на министри на Советот на Европа годинава за првпат двапати ќе расправа за правата на Македонците во Бугарија. Еднаш тоа се случи во март 2024 година, ...
Read More »Судот во Тирана одлучи дека партискиот печат и логото му припаѓаат на крилото на Бериша
Печатот и логото на најголемата опозициска сила, Демократската партија, му припаѓаат на крилото на Сали Бериша „Иницијатива за обнова на ДП“, одлучи Апелацискиот суд во Тирана, по ова прашање кое повеќе од две години ја мачи партијата, која ја преживува најдлабоката криза до сега. Во судскиот регистар како лидер на партијата фигурира Љуљзим Баша, кој со партиското лого и печат ...
Read More »Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на главниот панел на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска во Берлин, во рамки на учеството на Конференцијата за обнова на Украина се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски. На главниот панел присуствуваа и претседателите и премиери од Холандија, Норвешка, Финска, Литванија, Молдавија, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden