Author Archives: Весник Илинден

По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има, велат Македонците во Албанија

Нас Македонците во Албанија ништо не може да не поколеба на пописот да се изјасниме она што сме, а за Бугари тоа е само идеја која попусто ја пропагираат бугарските власти и здруженија, порачуваат Македонците во Албанија. По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има. Нема никаков проблем, кога попишувачите ќе дојдат и ќе не прашаат ...

Read More »

Сојузот на Македонците со исламска религија ги повикува Македонците во Албанија да се попишат тоа што се-Македонци

Сојузот на Македонците со исламска религија ги повика граѓаните на Албанија, Македонци по етничка припадност а муслимани по верска припадност да не потклекнуваат под никаква закана и да се изјаснат тоа што се – Македонци. Ги повикуваме нашите сонародници во Албанија на пописот кој е во тек да не дозволат никој, ама никој и по ниедна цена да им ја ...

Read More »

Ѓурѓај за Алфа: Софија прави се за да се појават Бугари на пописот во Албанија (ВИДЕО)

Цела бугарска машинерија е впуштена во притисоци кон Македонците да се попишат како Бугари алармира претседателот на македонското здружение Илинден, со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај. Тој повикува граѓаните да се попишат како што се чуствуваат и да не “паѓаат” на заканите од страна на бугарските институции и политичари. Ѓурѓај вели дека нашинците во Албанија живеат во страв и дека ...

Read More »

Жителите на Голо Брдо со гордост велат дека зборуваат на македонски јазик, вели Дијана Петровска по своето истражување во областа Голо Брдо

Жителите на областа Голо Брдо во Албанија зборуваат на македонски дијалект. Ова е стручно и научно разработено и само ја потврдува вистината дека говорот од оваа област ја зачувал својата посебност, коегзистирајќи на дијалектно рамниште. Минатата година, Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки – македонистика, изврши теренско истражување во областа Голо Брдо. Посети неколку села, контактираше со голем број мештани ...

Read More »

Османи до Македонците во Албанија: Пописот овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во видео обраќање до Македонците кои живеат во Албанија, им порача дека овој попис им овозможува слободно да ја изразат нивната етничка, јазична, и религиска припадност. Во продолжение целосното обраќање на Османи: „Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија би сакал да се обратам до вас Македонците кои живеат во Албанија. Како ...

Read More »

Груевски ги охрабрува Македонците во Албанија: Попишете се како Македонци, не слушајте разни мешетари (ВИДЕО)

Поранешниот премиер Никола Груевски, денеска во објава на Фејсбук ги охрабрува Македонците на претстојниот попис во Албанија да се попишат како Македонци и да не потпаѓаат под пропагандата на разните мешетари од некои соседни земји. Деновиве започна пописот во Албанија. Добив загрижачки пораки од Македонци во Албанија кои кога ги читам единствено ме потсетуваат на состојбите во Македонија во 19. ...

Read More »

Традиционалното македонско јадење „грашалник“ од Голо Брдо на календарот за 2024 на Федералната унија на европските националности

Посебна чест ни е што во календарот за 2024 на кој на секој месец поставено е традиционално јадење на малцинствата, а за месец февруари е традиционалното македонско јадење „грашалник“ од областа Голо Брдо. Исто така има и информации за македонско друштво „Илинден“ и за Македонците во Албанија, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Ова, според него, е од ...

Read More »

Иванов во Обединети Нации на состанок со Помошникот генерален секретар на ОН Моратинос

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на вториот дел од посетата на САД, во Обединтите нации оствари билатерална средба со помошникот Генерален Секретар на ОН и Висок претставник за Алијанса на цивилизациите при ОН, Мигуел Ангел Моратинос. По средбата беше потпишан Договор за партнерство во рамките на дејностите на иницијативата на Алијанса на цивилизациите при ООН. ...

Read More »

Второ рочиште во процесот на ММДЧП/Бил Николов во Македонија

Второто рочиште во процесот за навреда и клевета што Македонското меѓународно движење за човекови права и претседателот на ММДЧП Бил Николов го покренаа против 360 Степени, македонски медиум контролиран од САД, ќе се одржи во петок, 22 септември 2023 година, во 10 часот, судница бр. 22 во Основниот граѓански суд Скопје, Македонија. Ги повикуваме македонските и меѓународните медиуми, организации за ...

Read More »