Author Archives: Весник Илинден

Која е крајната цел на бугарските екстремистички барања која Македонците не можат да ја видат?

Во очекување на евентуален датум за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, официјална Софија не падна на „рурално -шармерската“ македонска дипломатија и во тотално средновековен примитивен манир ја услови Македонија преку завршен извештај на Брисел дека доколку се надеваме на интеграција во ЕУ, Македонците  главно мора да се „конструктивни“ и прифатат дека: 1.Македонскиот јазик не постои 2.Гоце Делчев ...

Read More »

Објавена првата рецензија за најновиот роман на Венко Андоновски – критички одглас на Весна Мојсова-Чепишевска за „Папокот на светлината“

Објавена е првата рецензија за најновиот роман на Венко Андоновски, „Папокот на светлината“, кој за помалку од еден месец по промоцијата на првото, веќе доживеа второ издание. Критичкиот одглас за романот на Андоновски е на универзитетската професорка и книжевна критичарка, водечки познавач на современата македонска книжевност, Весна Мојсова-Чепишевска. „За да не нѐ доживува останатиот свет како книжевност која постојано преџвакува ...

Read More »

Германија: Двајца мртви и седум повредени во напад со нож во воз

Германската полиција го уапси лицете кое прободе повеќе луѓе во регионален воз на северот на земјата. Две лица им подлегнаа на повредите, а седуммина се повредени. Маж на возраст меѓу 20 и 30 години е уапсен на железничката станица како осомничен за нападот со нож врз патници во регионален воз во Германија. Мотивите за нападот, засега, се нејасни. Полициски извори за агенцијата ...

Read More »

Македонија: Министерството за надворешни работи со остра реакција на изјавата на Џамбаски

Министерството за надворешни работи на Македонија уште еднаш остро реагираше со осуда за изјавите на европратеникот Џамбаски за што по дипломатски пат го известува и Министерството за надворешни работи на Бугарија. Во овој случај, Министерството ќе препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на Конференција за Западен Балкан

Денес, 25.01.2023 год, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на состанокот преку интернет врска, на кој зедоа учество повеќе претставници на малцинствата во Европа. Македонското друштво “Илинден“-Тирана како член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 2015 год., истовремено е дел на работната група на словенските малцинства во ФУЕН. Во тоа својство партиципираше на состанокот по повод ...

Read More »

Албанија пред ратификација на договорот и враќање на 20-те икони во Македонија

Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона“, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Албанската парламентарна комисија за правни прашања, јавна администрација и човекови права го разгледа и одобри предлог-законот за ратификација на договорот за соработка, меѓу Република Албанија и Република Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска ...

Read More »

Николоски од Стразбург: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците, мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права 

Николоски од Стразбург: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците, мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права во корист на Македонците. Мислам дека ова е многу важна дебата што ја имаме вечерва. Оваа дебата ќе го постави патот на Советот на Европа за периодот што следи. И затоа јас мислам како што е јасно ...

Read More »

Изјава на Претседателот на Македонија по одржувањето на 18-та седница на Советот за безбедност (ВИДЕО)

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа 18-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред беше безбедносната состојба во Република Македонија и евро-атлантскиот регион. Почитувани граѓани, претставници на медиумите, Денеска ја одржавме 18-та седница на Советот за безбедност. Покрај редовните членови на Советот, на моја покана, беа присутни и директорот на Агенцијата за разузнавање, директорот на Агенцијата ...

Read More »

Давид Ј. Костеланчик ќе биде новиот американски амбасадор во Албанија

Американскиот претседател Џо Бајден го номинира дипломатот од кариера Дејвид Џ. Костеланчик за амбасадор на Соединетите американски држави во Албанија, кој служеше во американската амбасада во Албанија во раните 90-ти, во политичката канцеларија и добро го владее албанскиот јазик, јави АБЦ њуз, повикувајќи се „Гласот на Америка“. Моментно работи како советник за надворешна политика на началникот на Генералштабот на САД, ...

Read More »

Се реафирмира предлог-договорот Македонија – Албанија за управување со водните ресурси

Министерот за животна средина и просторно планирање на Македонија, Насер Нуредини се сретна со амбасадорот на Албанија, Фатос Река, на која разговараа за најактуелните прашања од областа на животната средина. Исто така, разменија мислења за можностите за заеднички пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваат во обезбедување одржлив зелен развој во двете држави. Во разговорите посебен акцент беше ...

Read More »