Author Archives: Весник Илинден

Најмалку 32 загинати и 85 повредени во стравичен судир меѓу возови во Грција (ВИДЕО)

Патнички воз и товарен воз се судрија во северна Грција, при што загинаа најмалку 32 лица, а 85 се повредени. Над местото на несреќата се креваат густи облаци чад, јавуваат очевидците. Несреќата се случила нешто пред полноќ во близина на долината Темпи во Грција, соопшти Грчката противпожарна служба. Патнички воз и товарен воз се судрија во северна Грција, при што загинаа ...

Read More »

Дванаесетта годишнина на македонскиот весник “Илинден”

Пред точно дванаесет години, на 1. март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на македонското друштво “Илинден“-Тирана. Изминативе дванаесет години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Според бројните дописи кои пристигнуваат на електронската адреса на редакцијата ...

Read More »

Земјотрес од 4,1 степен во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според рихтеровата скала вечерва, во 18:43 часот е регистриран во централна Албанија. Епицентар бил во Белш на 24 километри од градот Елбасан и на 9 километри од Лушња, на длабочина од 2 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета, освен што предизвикал вознемиреност кај населението. Потресот со послаб интензитет е почувствуван и во ...

Read More »

САД и Канада почнаа да го елиминираат ТикТок од владините уреди

Канада и САД ги продолжија забраните на ТикТок на владините уреди. Белата куќа им даде на федералните агенции 30 дена да ја запрат употребата на популарната апликација за социјални медиуми, спроведувајќи ја забраната одобрена од Конгресот во декември. Мерката на САД има ограничени исклучоци за спроведување на законот, националната безбедност и истражувачки цели. „Ова упатство е дел од тековната посветеност ...

Read More »

“Нова Македонија“ интервју со Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана

Никола Ѓурѓај е еден од најангажираните активисти за подобрување и остварување на малцинските права на Македонците во Република Албанија. Тој е политички аналитичар и главен уредник на единствениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија, весникот „Илинден“, но и претседател на македонското друштво “Илинден“ со седиште во Тирана, кое постои од 2009 година и кое има разграноци и во Голо ...

Read More »

Проф. д-р Катерина Тодороска: Кон географијата на Македонија 

Во 1926 година, во Софија почнал да излегува весникот „Македонија“ како орган на македонската емиграција во Бугарија, а во 1930 година негов уредник бил Димитар Талев[1], „Прилепчанец со голем товар на душата“, како што го опишуваат многумина. Во бројот 1133 од 28 јули 1930 година на весникот „Македонија“, на првата страна објавена е една рачно изработена карта на Дебарската област. ...

Read More »

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај им врачи благодарници” Илинден” на Попи и Мазнику

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска благодарници “Илинден” им врачи на двајца големи активисти на македонското малцинство во Албанија. Чест ми беше во името на македонското друштво “Илинден”-Тирана лично да им  предадам Благодарница “Илинден” на двајца големи активисти, Јован Попи, по  потекло од село Ербеле, областа Поле, Маќелара и на Кристо Мазнику, поранешен претседател на Комитетот на Македонска ...

Read More »

Првиот човек на МАНУ е против промена на Уставот

Продавањето и предавањето на сѐ што е македонско е бесмислено, непродуктивно и геополитички неоправдано. Ова е ставот на првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев, кој Годишното собрание на академијата го искористи и за обемен осврт на 2022 година. Со договорите со Грција и Бугарија, како што кажа, се врши геноцид врз македонскиот народ. Државата и натаму треба да чекори по ...

Read More »

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на Македонската – горанска заедница од Косово

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на Македонската – горанска заедница од Косово, Авнија Рахте и Аце Димоски. На средбата се разговараше за активностите на Македонската горанска заедница со цел унапредување на животните услови и правата на македонската заедница во Косово, зачувување на нивниот етнички, јазичен и културен идентитет како и за заложбите за интеграцијата на Македонците во политичкиот ...

Read More »

Путин го поништи декретот за поддршка на суверенитетот на Молдавија

Претседателот на Русија, Владимир Путин го укина декретот од 2012 година со кој делумно се потврдува суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на Придњестровје, сепаратистички регион што се граничи со Украина, каде што Русија има трупи. Указот, во кој беше вклучена и компонента на Молдавија, ја содржеше руската надворешна политика пред 11 години, која претпоставуваше поблиски односи меѓу Москва ...

Read More »