Author Archives: Весник Илинден

Партијата Наша Иницијатива ги осудува манипулациите на Софија за Македонците и Бошњаците на Косово како Бугари

Партијата Наша Иницијатива на Косово изразува загриженост по повод ненадејната посета на потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова на 18 февруари 2023 година и вестите во Бугарија за нејзината посета на Косово. Партијата Наша Иницијатива ја отфрла изјавата на потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова дека, на Косово живеат околу 15.000 Бугари, мислејќи на Македонците во областа Гора и Призренска Жупа. Партијата Наша ...

Read More »

Мицкоски по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик: Негувајте го и чувајте го македонскиот јазик, тој е наше минато, сегашност и иднина

Јазикот на еден народ не е само средство за комуникација, тоа е врзивното ткиво кое ги поврзува поединците и ги прави целина, посебна по нешто во светот. Јазикот е всушност тоа што е белег на еден народ, односно јазикот е самиот народ. Кога говориме за македонскиот јазик и за неговото значење не може а да не си споменеме за Блаже ...

Read More »

Светиот архијерејски синод ги поздрави одлуките на помесните цркви за статусот на МПЦ-ОА

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ги поздрави одлуките на оние помесни православни цркви кои МПЦ-ОА ја признаа како автокефална црква или ја примија во евхаристиско и канонско општење. По редовната работна седница Светиот синод во соопштението за јавноста истакна: „Македонската православна црква – Охридска архиепископија е чувар на нејзиниот Уставен поредок и норми кои што ...

Read More »

Македонскиот јазик е во службена употреба во Србија

Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог на Србија по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, соопшти дека во државата, покрај српскиот, во официјална употреба се уште 12 други јазици на националните малцинства. Во 42 локални самоуправи во официјална употреба се албански, босански, буњевачки, унгарски, македонски, романски, русинскии, словачки, хрватски, црногорски и чешки јазик, а во ...

Read More »

Русија привремено се повлекува од клучниот нуклеарен договор со САД

Рускиот претседател рече дека Русија ќе го прекине учеството во Договорот за контрола на нуклеарното вооружување Нов СТАРТ, последниот голем таков договор меѓу Русија и САД. Рускиот претседател Владимир Путин најави привремено повлекување на Русија од договорот Нов СТАРТ. „Москва повеќе нема да учествува во последниот преостанат нуклеарен договор меѓу Русија и САД“, рече Путин. За време на неговото денешно обраќање ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчиниот ...

Read More »

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик кој бил прогласен на триесеттата седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година. Главната цел на одбележувањето на овој ден е промовирање на свеста за јазичната и културната разновидност насекаде низ светот. Јазиците се најмоќниот начин да се зачува и развива културата и да се промовира низ целиот свет. На меѓународниот ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес во областа Гора и Призренска Жупа од векови живеат Македонци

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за пародија ја оценува посета на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова на Косово, во потрага по “бугари“ во областа Гора и Призренска Жупа во Косово каде што од векови живеат Македонци, по вероисповед муслимани! СМК за злосторство против човештвото ја смета злоупотребата на бугарските пасоши и стипендии како изнуда за декларација за “бугари по потекло“ на ...

Read More »

Во Драч запленети 22.500 тони шверцувана нафта од Русија

Во најголемото албанско пристаниште, Драч запленет е танкер кој превезувал 22.500 тони шверцувана нафта. Танкерот пловел под либиско знаме, но според првичните сознанија од истрагата тој е по потекло од Русија. Полиција објави дека нејзините структури со цел сузбивање на шверцот со нафта, која пристигнува главно од Либија, но и други земји, обезбедила информации дека танкер кој пловел под либиско ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес: Македонските граѓани не се дел од бугарската нација

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла изјавата на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова која после вчерашната потрага по “етнички бугари“ во Косово меѓу Македонците од областа Гора и Призренска Жупа, денес во бугарската амбасада во Скопје остварила средба со “бугари со самосвест“ од Македонија кои ги смета за “припадници на бугарската нација“! СМК потсетува дека македонските граѓани, независно ...

Read More »