Author Archives: Весник Илинден

СЗО бара повеќе финансиски средства за проектот за борба против Ковид-19

Глобалниот проект за борба против коронавирусот АЦТ Акцелератор има потреба од 22,1 милијарди долари за финансирање, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус. Организацијата објави нова стратегија и буџет за проектот за 2021 година. Моментно 11 милијарди долари се доделени за AЦT Акцелератор, но сè уште се соочуваме со недостиг на финансирање од 22,1 милијарди долари. Ги повикуваме земјите ...

Read More »

Земјотрес вечерва во Македонија

Земјотрес со јачина од 3.4 степени по рихтер вечерва во 20 часот и 40 минути е регистриран во Македонија. Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е во близина на село Србиново. Епицентарот е на длабочина од 2 километри. Тресење е почувствувано речиси низ цела Македонија но со послаб интензитет. Овој дел од Македонија, особено кај Мавровското езеро е активен подолг период, ...

Read More »

Загреб протестира до Белград поради закани за хрватско малцинство

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска (МВПЕ) денеска испрати протестна нота до Србија. Во него, таа изрази загриженост за, како што е наведено, бројни закани, заплашувања и навреди кон претставниците на хрватското национално малцинство во Србија, по барањето да се воведе хрватски во официјална употреба. По јавната дебата што следеше по започнувањето на постапката за воведување на буњевачкиот ...

Read More »

Претседателот на ДИК, Даштевски на средба со неговиот колега Целибиши од Албанија

Делегација на Државната изборна комисија на Република Македонија, предводена од претседателот Александар Даштевски, а во која се и Кренар Лога, Оливер Ристовски и Бобан Стојановски, престојува во Тирана. На средбата со претседателот на Централната изборна комисија на Република Албанија Илирјан Целибаши и неговите соработници, разменети се искуства помеѓу двете институции и конкретизација на оваа соработка во иднина. Имајќи предвид дека ...

Read More »

Екслузивно: Претседателот Мета се судри со општинската полиција во Тирана (ВИДЕО)

Претседателот Илир Мета се судри со полицијата во Тирана. Инцидентот се случи откако општинската полиција побара ослободување на канцелариите на партијата Нов демократски дух во чија посета во моментот беше Мета. Претходно Општина Тирана преку писмо испратено до лидерот на партијата Сали Шеху објасни дека треба да се интервенира за одржување на просториите бидејќи просторот е сопственост на општината. Но, ...

Read More »

Уништување на иднината на децата во името на здравјето на децата

Проф. Д-р Катерина Тодороска Овој текст не е наменет за оние со розеви очила и огламници на глава. Позната е изреката „ако сакаш да уништиш држава, уништи го образованието“. Чувствувајќи дека тоа се практикува во Македонија, сакам да кажам мое мислење за темата после една година од затворањето на училиштата во Македонија. Во таа една година се изнаслушавме и изнагледавме ...

Read More »

Македонската ракометна репрезентација го победи светскиот шампион Данска (33:29)

Македонската ракометна репрезентација успеа да го победи светскиот шампион Данска (33:29) и тоа на дебито на новиот селектор Кирил Лазаров. Данците влегоа како фаворити на натпреварот во Скопје во рамките на квалификациите за Европското првенство, но Македонија почна да диктира темпо, постојано имаше водство и на полувреме замина со предност 17:13. Предводени од селекторот Лазаров на теренот, нашите репрезентативци во ...

Read More »

Почина Горан Гаврилов, сопственик на радиото „Канал 77“

На 54-годишна возраст, по кратко боледување, почина Горан Гаврилов, сопственикот на националното радио „Канал 77“. Гаврилов беше долгогодишен истакнат медиумски работник, а беше и основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија. Тој активно учествуваше во иницијативите за регулирање на електронските медиуми во земјава. Радио „Канал77“ започна со работа на 4 октомври 1991 година, а во периодот од 1995—1997 ...

Read More »