Author Archives: Весник Илинден

Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод почеток на светиот месец Рамазан

Почитувани граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед дозволете ми од мое лично име и од име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам почетокот на светиот месец Рамазан. Ви посакувам од срце светиот месец Рамазан да го поминете во добро здравје Вие и Вашите семејства и нека вашите домови и срца бидат исполнети со радост, среќа, спокој и ...

Read More »

Зградата на главната пошта е еден од седумте најзагрозени споменици во Европа за 2021 година

Eвропа Ностра – Европскиот глас на граѓанското опшество посветено на културното и природно наследство и неговата партнерска организација, Институт на Европска Инвестициoна Банка, денеска ја објавија листа на седум најзагрозени споменици и локалитети со наследство во Европа за 2021, меѓу кои се и зградата на Централна Пошта во Скопје. Зградата на Главната Пошта во центарот на Скопје e дело на ...

Read More »

Во Египет откриен „изгубениот златен град“ стар 3 илјади години (ВИДЕО)

Египетската управа за антиквитети објави дека е пронајден антички град стар 3 илјади години, пренесува Агенција Анадолија (АА). Според соопштението на Управата, античкиот град познат како Атем се верува дека е основан од кралот Аменхотеп III и претставувал најголемиот административен и индустриски град во Луксор за време на египетската империјална ера. Во текот на ископувањата, во просториите од античкиот град ...

Read More »

Националниот историски музеј од Тирана ги предаде светите мошти на Јован Владимир во манастирот во Елбасан 

Денеска во Елбасан се одржа церемонија и положување на моштите на Св. Јован Владимир во истоимениот манастир кој го носи името на светецот. Моштите досега се чуваа во Националниот историски музејски фонд во Тирана и по долгогодишно барање на Албанската православна автокефална црква денеска беа предадени на манастирот.  На церемонијата беше присутен премиерот Еди Рама и министерката за култура, Елва Маргарити и Неговото Преосвештенство Андони, митрополит на Елбасан, Шпат и Либражд.   „Дојдовме да завршиме процес на обврска кој заедно го започнавме многу одамна, и ...

Read More »

Нова пратка од 7.020 дози вакцини од Фајзер стигна во Тирана 

Албанија денеска ќе добие нова пратка од 7.020 дози вакцини од Фајзер, а набрзо се очекува друга пратка со поголем број вакцини, изјави министерката за здравство Огерта Манастирлиу. Заедно со премиерот Еди Рама одблиску го следеа процесот на имунизација против Ковид-19 на постари лица во градот Елбасан. Процесот на вакцинација ќе продолжи со планираната динамика, откако имавме мало забавување поради ...

Read More »

Вечерва започнува месецот Рамазан

Вечерва започнува светиот месец за муслиманите ширум светот, месецот Рамазан. Рамазан е деветти месец во исламскиот календар и тој е свет месец за муслиманите затоа што во него започна откривањето на Куранот, светата книга на муслиманите. За време на Рамазан, муслиманите ширум светот постат од сабах (зора) до ашам (почеток на вечерта). Освен од храна и пијалок, муслиманите постат и ...

Read More »

Почина големиот пријател на Македонија, шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон

Хусто Хорхе Падрон (Justo Jorge Padrón) 01.10.1943 – 11.04.2021 Мадрид-Скопје, 12. април 2021 Вчера, на 11. април, во шпанската престолнина Мадрид почина големиот поет, пријател на македонскиот народ и почесен конзул на Македонија во Кралството Шпанија, Хусто Хорхе Падрон, лауерат/носител на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата од 1990 година. Хусто Хорхе Падрон (шпански: Justo Jorge Padrón) беше роден на 1. октомври ...

Read More »

Конкурс за текстови по повод 70-годишнината на литературното списание „Современост“

По повод 70 години од излегувањето на првиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и 100-годишнината од раѓањето на големите дејци на македонската литература и науката за литература – Блаже Конески  и Коле Чашуле, списанието „Современост“ објавува повик за прилози во проза, поезија (најмалку 3 песни), есеи или научни статии тематски посветени на овие македонски културни фигури. ...

Read More »

Напад на нуклеарната централа Натанц во Иран, Техеран се закани со одмазда

Иранските власти го обвинија Израел за инцидент во подземната нуклеарна централа Нетанц и најавуваат одмазда, објави денеска иранската државна телевизија изјава на министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф. Вчерашниот инцидент во нуклеарната централа Нетанц, официјален Техеран го опиша како акт на „нуклеарен тероризам“ и објави дека го задржува правото да преземе соодветни мерки против насилниците. „ Ционистите ...

Read More »

Полицискиот час во Албанија се намалува за два часа

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата со ковид-19, донесе неколку олеснителни мерки, меѓу кои и намалување на времетраењето на полицскиот час за два часа. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, која е член на комитетот, објавувајќи ја одлуката за олеснување на некои мерки во земјата, рече дека тоа е поради стабилизирањето на епидемиолошката состојба и напредокот ...

Read More »