Author Archives: Весник Илинден

Македонскиот активист во Бугарија, Атанас Кирјаков излезе со платформа за културна и економска автономија на Пиринска Македонија

Македонскиот активист од Пиринска Македонија, Атанас Кирјаков, излезе со платформа за културна и економска автономија на Пиринска Македонија. „Мојата визија и моите точки што ќе придонесат за одврзување на ‘Гордиевиот јазол’ и решавање на спорот меѓу Република Бугарија и Република Македонија. 1.) Да ѝ се даде на Пиринска Македонија статус на културен и економски автономен регион, кој во согласност со ...

Read More »

Македонија со убедлива победа над Литванија го завери пласманот во баражот за СП

Македонската женска ракометна репрезентација ја забележа и втората победа во квалификациите, овој пат беше совладана селекцијата на Литванија со 31-21. Македонските ракометарки по вчерашниот трумф над Исланд, денеска ја совладаа Литванија и на меч до крајот го заверија пласманот во баражот за Светското првенство. За разлика од вчерашниот меч, овој пат Македонија немаше падови во играта, селекторот Симовски им даде шанса ...

Read More »

Побарани две години затвор за поранешниот главен обвинител на Албанија, Адриатик Лала

Албанските обвинители побараа две години затвор за поранешниот главен обвинител на земјата, Адриатик Лала, кому му се суди за обвинение за нелегално стекнат имот. Покрај тоа, Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал (СПАЦ) препорача Лала да не смее да извршува јавна функција во следните пет години. Лала, поднесе оставка од позицијата највисок албански обвинител во ноември 2017 ...

Read More »

Амбасадорот на Словачка во Македонија, Маркуш во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

На 19. 03. 2021 година во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, беше Амбасадорот на Република Словачка, г. Хенрик Маркуш, заедно со својата сопруга г-ѓа Жанета Маркушова, како и г-ѓа Катарина Хорнакова и г. Стојан Лековски. Г. Хенрик е долгогодишен пријател на нашите Обители и секогаш кога е во можност, и заради своја духовна полза, ги посетува нашите Светилишта. Почитуваните гости ...

Read More »

Социјалистичка партија со најголема поддршка во Албанија

Доколку парламентарните избори се одржат неделава најголем процент од албанските гласачи поддршката би ја дале за владеачката Социјалистичка партија (ПС), покажува анкетата на Компанијата за маркетинг и истражување на јавното мислење (ИПСОС), една од водечките компании за анкетирање во светот. За оваа партија би гласале 48,7 отсто од анкетираните 1.519 албански граѓани, за најголемата опозициска сила, Демократската партија (ПД) се ...

Read More »

Македонската женска репрезентација го совлада Исланд и си го отвори патот кон баражот за СП

Македонската женска ракометна репрезентација со победа ги отвори квалификациите за бараж за СП во Шпанија, откако го совлада Исланд со 24-17 (12-8), со што е блиску до местото во баражот за Мундијалот. Неверојатна партија имаше Сара Ристовска која постигна 11 голови, зад неа Елена Ѓорѓиевска запиша шест гола. Придонес во победата даде и голманката Матеја Серафимов со 9 одбрани. И ...

Read More »

Унгарската партија Фидес целосно ги прекина врските со ЕПП

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата владеачка партија Фидес денеска целосно ги прекинаа врските со Европската народна партија (ЕПП), чекор што се доживува како формалност по долгогодишните расправии околу основните вредности на Европската унија и владеењето на правото, јави ДПА. Во писмото, објавено на Твитер од потпретседателот на унгарската владеачка партија, Каталин Новак, се вели дека Фидес повеќе не сака ...

Read More »

Македонија, Србија и Црна Гора ќе разменуваат податоци за незаконски стекнати имоти

Министерката за правда на Република Србија, Маја Поповиќ, министерот за правда, човекови и малцински права на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата во Република Македонија Билјана Ивановска потпишаа договор за размена на податоци за целта на проверка на искази за имот. Ова е прв пат да се потпише ваков договор во регионот. Борбата ...

Read More »

Во план е поврзување со велосипедски патеки околу Преспанското Езеро 

Поврзување на Преспанскиот регион со велосипедски патеки околу Преспанското Езеро било тема на разговор меѓу градоначалниците на општините Ресен и Пустец, Живко Гошаревски и Пали Колефски. По примерот за отворање на граничниот премин „Маркова нога“, мојот колега од Пустец иницираше идеја за отворање граничен премин кај Церје, со цел да ја зголемиме туристичката понуда. Преспанскиот регион да биде примамлива туристичка ...

Read More »

Сенатот го потврди Вилијам Барнс за директор на ЦИА

Американскиот Сенат го потврди дипломатот ветеран Вилијам Барнс за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), ставајќи еден од најискусните дипломати во земјата на чело на агенцијата. Барнс, кој има 64 години, беше потврден вчера со широка двопартиска поддршка, откако сенаторот Тед Круз, републиканец од Тексас, ја запре блокадата на номинацијата поврзана со рускиот гасовод „Северен тек 2“. Круз неодамна изјави ...

Read More »