Author Archives: Весник Илинден

Стерјовски испиша историја со обраќањето на македонски јазик во албанскиот Парламент

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски денес запиша уште еден историски настан за Македонците во Албанија. Тој не само што е прв пратеник, кој јавно се декларира како Македонец, денес за првпат се обрати на македонски јазик од собраниската говорница во албанскиот законодавен дом. -Почитуван претседател на Собранието, почитувани пратеници. Ја имав честа во ...

Read More »

Во Египет откриени христијански урнатини кои ја потврдуваат „природата на монашкиот живот“

Француско-норвешки археолошки тим откри нови христијански урнатини во пустина во западниот дел на Египет, со што се потврдува дека постоел монашки живот во регионот во петтиот век од нашата ера, соопшти египетското министерство за антиквитети. „Француско-норвешката мисија за време на своето трето ископување на локалитетот Тал Гануб Каср ал-Aгуз во оазата Бахарија откри неколку градби направени од базалт и од тули ...

Read More »

Почина од Ковид-19 Арбен Костури претседател на „Дисутни Албанија“ и активист на Ромската заедница во Албанија

По двонеделна битка со Ковид-19, денес почина Арбен Костури познат новинар од Корча, член на Унијата на албански новинари, како и претседател на организацијата „Дисутни Албанија“, соопшти Унијата на новинари на Албанија. Педесетгодишниот Арбен Костури повеќе од две децении подготвуваше радио и телевизиски програми на ромски јазик и е еден од основачите на Унијата на новинари. Големи заслуги има во ...

Read More »

Досега се попишале над 65 илјади државјани на Македонија кои се наоѓаат во странство

Преку апликацијата за самопопишување заклучно до 08.00 часот денеска се евидентирани 64 176 лица од дијаспората. Пописот на лицата кои се во странство почна на 1 март. Преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци, а попишувањето ќе се одвива до 21 април 2021 година Од ...

Read More »

Почнува Велигденскиот пост – Денес е Чист Понеделник

Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино. Масло и вино се допушта и на празниците: Упокоение на свети Кирил Солунски, Наоѓање на главата на свети Јован Крстител, свети Агатангел Битолски, Младенци Собор на свети архангел Гаврил, света Лидија Македонска, Упокение на свети Методиј Солунски и на храмов или домашен празник. Масло ...

Read More »

Фолксваген ќе затвори 5.000 работни места

Германскиот производител на автомобили Фолксваген планира да го намали бројот на работни места до 5.000, така што ќе понуди предвремено или делумно пензионирање на повозрасните работници, пишува весникот „Ханделсблат“. Според весникот, трошоците од таквиот потег на Фолксваген би можеле да изнесуваат и до 500 милиони евра. Портпарол на компанијата потврдил дека Фолксваген се согласил да понуди делумно пензионирање на сите ...

Read More »

Православните верници го слават големиот христијански празник Прочка

Денеска е Прочка. Овој ден претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Прочка е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, ...

Read More »

Излезе од печат публикацијата „Македонците во Светот“ од Слааве Катин

Во издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Прилеп излезе од печат публикацијата „Македонците во Светот“ од Слааве Катин. Таа претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот. Делото „Македонците во Светот“ од Слааве Катин е обид да се осветли иселеничката одисеја на Македонците во САД, ...

Read More »

Летник македонски народен празник

Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар) и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова ...

Read More »