Author Archives: Весник Илинден

Пет земји членки на ЕУ предлагаат постепена интеграција на Западен Балкан во единствениот пазар

Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието ...

Read More »

Македонија најнапредна во реформската агенда, со најмногу средства доделени од ЕУ

Македонија доби најголема финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, со што се потврдува напредокот во спроведувањето на реформската агенда. Европската комисија објави дека за Македонија се одобрени 65,7 милиони евра, повеќе од средствата доделени за Албанија, која добива 49 милиони евра, и Црна Гора, за која се наменети 44,2 милиони евра. Средствата се одобрени ...

Read More »

СЗО прогласи глобална здравствена тревога поради еболата во Конго

Бројот на починати од епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се искачи на 131, од вкупно 513 сомнителни случаи, соопшти министерот за здравство Самуел Роџер Камба. Во соседна Уганда е регистриран и еден смртен случај, објавија Африкански центри за контрола и превенција на болести. Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека е „длабоко загрижен“ поради брзината и размерите на епидемијата. Пргласив вонредна ...

Read More »

Повторно отворена иранската берза

Берзата во Техеран денеска повторно почна со работа по пауза од околу 80 дена, и покрај натамошната неизвесност околу развојот на конфликтот меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Како последица на претрпени воени штети, вкупно 42 компании се целосно исклучени од тргувањето. Според изјава на претставник на берзата, оваа бројка соодветствува на околу 35 отсто од вкупниот пазарен волумен. Локалниот ...

Read More »

Акција против коцкање и оружје во Тирана, уапсени седум лица

Foto:Policia e Shtetit Полицијата во Тирана спроведе две одделни акции против нелегално коцкање и недозволено поседување оружје, при што биле уапсени седум лица, а запленети се пари, мобилни телефони и автоматско оружје. Како што соопштија албанските власти, во рамки на акцијата „Fair Play“ биле приведени шест лица во местото Вора, каде полицијата открила нелегално организирање игри на среќа во угостителски објект. Според информациите ...

Read More »

Годишната Македонска средба во Горно Крчиште ќе се одржи на 23 мај 2026

На 23 мај 2023 година, сабота, со почеток во 9 часот во село Горно Крчиште областа Полени, Маќелара ќе се одржи годишната Македонска средба по повод големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Свети Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата, каде ке има богослужба. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги кани сите добронамерници, сите Македонци од цела Албанија, ...

Read More »

Италијанецот Роландо Маран ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Албанија

Италијанецот Роландо Маран ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Албанија, заменувајќи го досегашниот селектор Силвињо. Фудбалската федерација на Албанија (ФШФ) денес го претстави новиот селектор на црвено-црните, кој според договорот ќе остане до 2028 година. На прес-конференцијата за претставување, претседателот на ФШФ, Арманд Дука, изјави дека Маран е тренер со големо искуство. „Репрезентацијата веќе го постави нивото таму ...

Read More »

Марина Сари достојно ја претставуваше Општина Пустец на настанот „Пулс на ѕвезди“

Марина Сари достојно ја претставуваше Општина Пустец на настанот „Пулс на ѕвезди“, носејќи настап што ги надминува сите очекувања и останува момент на гордост за нашата заедница. Иако ова беше прв пат Марина да стапне на сцена надвор од територијата на општината, таа настапи со природна и восхитувачка самодоверба, како сцената да е простор каде што е родена за да ...

Read More »

Трговците од македонскиот пазар во Koрча се кренаа против казните и мерките на Општината за тендите

Трговците од македонскиот пазар во Kорча денеска реагираа против контролите и казните што ги изрече Општината поради непочитување на новите правила за поставување на тендите во пазарот. На терен излегоа инспектори и припадници на општинската полиција, кои изрекоа административни мерки за трговците што не ја спровеле наредбата за отстранување или усогласување на тендите. Трговците изразија револт, наведувајќи дека казните од 50 ...

Read More »

САД откажуваат дел од воената соработка со Канада

Министерство за одбрана на САД прекинува дел од военната соработка со Канада, соопшти високопоставен претставник на Пентагон. Одлуката доаѓа во услови на зголемени тензии меѓу двете соседни земји и обвинувања од Вашингтон дека Канада не ги исполнува своите обврски во областа на одбраната. Заменик-министерот за одбрана на САД за политички прашања, Елбриџ Колби преку статус на мрежата„Икс“ изјави дека САД ...

Read More »