Author Archives: Весник Илинден

Почнува масовната вакцинација против корона во САД

Здравствените власти на САД, транспортните компании и болниците се подготвени итно да започнат досега невидена кампања за масовно вакцинирање, откако федералните регулатори ја одобрија првата вакцина против ковид-19 во САД. Подготовките за вакцинација се прават во последен момент, бидејќи бројот на жртви на коронавирус во САД се приближува до 300 000, а поради бројот на заразени и хоспитализации што се ...

Read More »

Во притвор полицаецот кој уби 25-годишно момче во Тирана, го призна делото

Полицискиот службеник Н.Х, кој пред три дена во Тирана го уби 25 годишниот Клодијан Раша, изрази жалење за неговото дело и побара од Судот да одлучи каква казна ќе добие. Држејќи ја главата надолу, полицаецот H.Х рече: „Убив човек. Немам право да барам одбрана“. Тој дури соопшти дека сака јавно да им се извини на роднините на жртвата. На денешното ...

Read More »

Комесаријатот за заштита од дискриминација на Албанија објави видео повик на македонски јазик

Комесарот за заштита од дискриминација во Албанија објави видео запис на македонски јазик, во кое се посочува каде и како може да се јави секој Македонец кој смета дека е дискриминиран врз основа на националност. Текстот на македонски јазик го кажува младата Сабина Џелили, по потекло од Голо Брдо а живее во Елбасан. Таа е член на македонското друштво “Илинден“-Тирана. ...

Read More »

Рама побара извинување од семејството Раша и ја соопшти оставката на првиот полицаец, Лешај 

Додека пред Министертвото за внатрешни работи се одржува вториот по ред протест за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски службеник, албанскиот премиер Еди Рама преку видео порака јавно побара извинување од семејството на момчето. Тој исто така соопшти дека првиот полицаец Сандер Лешај си поднесол оставка од морални причини. Рама рече дека министерот Лешај претходно му ја ...

Read More »

Македонското меѓународно движење за човекови права: Денот на човековите права на ОН е празник на дволичноста 

„Сите луѓе се родени слободни и имаат еднакви права и достоинство“. Освен ако се Македонци. На секој 10 декември Обединетите Нации го слават “Денот на човековите права”, и притоа ја обновуваат својата посветеност на првиот член од Универзалната Декларација на Човековите Права. Но, во исто време, ОН со полна пареа работи на бришење на мојот народ. Во изминатите три декади, ...

Read More »

Проблеми со „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Месинџер“ во цела Европа

„Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Месинџер“ од утрово почнаа да јавуваат проблеми и да не функционираат. Ова ги погоди корисниците низ Европа, па многу од нив се жалат дека не добиваат пораки или дека воопшто не можат да се вклучат. Според „Даун Детектор“, проблемите започнале околу 9 часот наутро за корисниците ширум Европа, а се чини дека најголеми проблеми има во западна ...

Read More »

Македонското друштво „Илинден“-Тирана издаде брошура со сите резолуции изглaсани од ФУЕН по повод Светскиот ден на човековите права

По повод Светски ден на човековите права од печат излезе брошура со сите резолуции од македонското друштво „Илинден“-Тирана изглaсани од Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Во брошурата се сместени сите досега поднесени и изгласани резолуции, и истата е испечатена на македонски, албански и англиски јазик. Имајќи го во предвид фактот што оваа брошура излегува за првпат, а особено што ...

Read More »

Во Тирана протест поради убиството на Клодјан Раша, има повредени 

Под мотото „И ние сме Клодјан“ масовен протест вечерва се одржува во Тирана, напрво пред Министертвото за внатрешни работи,по што протестантите стигнаа пред Владата. Протестот нема организатор, туку граѓаните се собраа самоницијативно преку социјалните мрежи, за да побараат, како што самите велат,правда за убиството на младиот Клодјан Раша од припадник на специјалната полициска единица. Извикувајќи „сакаме правда“ „долу комунизмот“ „Лешај ...

Read More »