Author Archives: Весник Илинден

Федералната Унија на Европските Националности упати честитка за Божик и Нова Година 2020

Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), се заблагодарува за сите придонеси на сите члени  оваа година ја направивме многу успешна година во рамките на ФУЕН. Ние ви посакуваме Среќен Божик и  Нова Година 2020 да биде уште подобра во новата година 2020 за сите малцинства во Европа! – стои во честитката на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

Read More »

Азиланти во Солун запалија автомобил на турски дипломат (ВИДЕО)

Неидентификувана група азиланти го запалиле автомобилот на еден вработен во турскиот конзулат во Солун, соопшти полицијата. Никој не е повреден во нападот, за кој се води истрага. На видеото се гледа паркираниот автомобил во пламен, додека пожарникарите работат на гаснење на пожарот. Откако пожарот е изгасен, на задниот дел на возилото се забележува големо оштетување. Инцидентот, кој се случил рано ...

Read More »

Воспоставен безвизен режим меѓу Македонија и Украина

Од вчера стапи во сила постојаниот безвизен режим меѓу Украина и Македонија, објави денеска на Твитер државниот секретар во украинското Министерство за надворешни работи, Андриј Зајац. Стартот на безвизниот режим со Македонија на постојана основа значи укинување на краткорочните и долгорочните (имигрантски) визи, наведува Зајац, додавајќи дека државјаните на Македонија и на Украина, кои поседуваат биометриски пасоши, ќе можат слободно ...

Read More »

Тв Тема: Владата не ги усвојува подзаконските акти за малцинствата во Албанија (ВИДЕО)

Според истражувањето на Институтот за политички студии, албанската влада не ги има усвоено скоро 46% од подзаконските акти од законот за заштита на националните малцинства во Албанија. Претседателот на Институтот за политички студии, Африм Красниќи, вели дека Албанија има можност да ги исполни правата на малцинствата, но има тешкотии во целосно спроведување на истите. Пратеникот Лигорак Карамело рече дека со ...

Read More »

Северна Кореја отвори нов ски центар

Вакво нешто не гледаме секогаш, водачот на Северна Кореја Ким Јонг Ун отвори нов скијачки центар во Јангдок фалејќи ја војската чија посветена работа ги води луѓето кон модерната цивилизација. Лидерот Ким ја пресече лентата на отворањето на овој зимски рекративен скијачки и спа центар, чија цел беше да ужива, како што рече, високо ниво на цивилизација во социјализмот. Тој, ...

Read More »

Николов: Не потклекнувајте објавувајте ги вистинското знаме на Македонија и картата со сите 3 дела

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада, Бил Николов, на својот Твитер налог ги охрабрува македонците да не потлекнуваат под расистичките притисоци и да ги откријат насилниците кои им се закануваат, онака како што тој тоа во контиуитет го прави и покрај сите закани кои со години ги добива заради користење на вистинските македонски симболи и ...

Read More »

Невереме во Aлбанија проследено со дожд и силен ветер

Невремето, проследено со дожд и силен ветер, што условува немирно море со високи бранови, го отежна поморскиот сообраќај од Албанија кон Италија и кон Грција, и обратно. Траектите на релација Бари – Драч, како и Брндизи – Валона, кои сега се преполни со печалбари кои за престојните празници доаѓаат во родниот крај, пристигнуваат со големо задоцнување. Поради неповолните услови за ...

Read More »

Четири милиони евра помош од Германија за Албанија

Владата на Германија ќе и додели грант од четири милиони евра на Албанија за санација на последиците од земјотресот кој се случи на 26 ноември. Амбасадата на Германија во Тирана ја информираше денеска и официјално владата на Албанија дека Берлин ќе помогне во реконструкција после страшниот земјотрес на 26 ноември со грант од четри милиони евра преку Германската Банка за ...

Read More »