Албанија

Сите полициски комесаријати во Албанија добија нови раководители

По изборот на нови директори на полициските управи во 12-те окрузи во Албанија, од денеска нови началници имаат и сите 48 полициски комесаријати. На конкурсот учествуваа 274 кандидати, а врз основа на проценка избрани се 48. Изборот е направен врз основа на конкурентност, стои во објавата на министерството во која се наведени и нивните имиња. Ова е последователна реорганизација на ...

Read More »

Земјотрес во Албанија 3,8 степени епицентарот е регистриран во село Селиште, во Дебар

Според прелиминарните податоци на Институтот за геонауки, во 18 часот и 37 минути е почувствуван земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала епицентарот е регистриран во село Селиште, во Дебар на длабочина од 15,2 километри. Потресите се почувствувани и во областите околу епицентарот. Според прелиминарните комуникации со претставници на локалната самоуправа, структурите за цивилна одбрана на општина Бурел ...

Read More »

Марта Кос: Браво Албанија денеска е ден за славење

Браво, #Албанија! Денешното отворање на преговорите за реформскиот кластер за надворешни односи е причина за славење. Ваква  порака упати денеска Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос. „Ова е јасно признание за целосното усогласување на Албанија со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и нејзината долгогодишна улога како сигурен безбедносен партнер на глобалната сцена. Штотуку заврши третиот состанок ...

Read More »

Трета меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ во Брисел

Албанија ги отвора преговорите со ЕУ за групата-поглавје 6: Надворешни односи, бидејќи во Брисел ќе се одржи Третата меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската унија. На оваа конференција албанската делегација ќе ја предводи премиерот Еди Рама. Во Брисел на маса се Поглавје 30 – Надворешни односи и Поглавје 31 – Надворешна, безбедносна и одбранбена политика. Оваа одлука доаѓа по отворањето ...

Read More »

Албанија ќе формира резервен армиски состав со 2100 припадници

Покрај активниот состав на вооружените сили, Албанија ќе формира резервен армиски состав кој ќе брои 2100 припадници. Резервистите ќе бидат обучени со цел да се комплетира досегашната структура на армијата во одржување на нивото на подготвеност и оперативност потребни за исполнување на националните обврски во рамки на НАТО, се наведува во документот. Предлог-законот предвидува резервниот состав да биде 25 отсто ...

Read More »

Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани

Се поголем број македонски државјани ги користат услугите на меѓународниот аеродром во Тирана, од каде моментно може да се патува на 129 директни дестинации. Тоа го потврдува и бројката од над 100 илјади македонски државјани кои пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации. Овој аеродром претставува единствениот меѓународен аеродром во регионот, со широка покриеност и многу пристапни цени. Него ...

Read More »

Востоличен новиот епископ на Круја Анастас на Автокефалната Православна Црква на Албанија

Востоличен новиот епископ на Круја Анастас на Автокефалната Православна Црква на Албанија, архимандритот Анастас Мамај за помошен епископ на поранешната епископија Круја, кој според Статутот на Црквата ќе биде член на Благодатниот Синод на новоизбраниот епископ ќе се одржи на 15 декември 2024 година во катедралата Воскресение Христово, во Тирана. Кратка биографија Новоизбраниот помошен епископ на Круја г. Анастас (пред Крштевањето, Енкелед Мамај), е ...

Read More »

Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица

Запленети се 22 парчиња огнено оружје „Зораки“, едно огнено оружје Ак 47, офанзивна рачна бомба и 470 куршуми од разни видови. Одземени се и три возила, значителна сума пари и 10 мобилни уреди. Криминалната група за трговија со оружје која делуваше на Косово и Албанија е разбиена по девет месеци истрага на Специјалното обвинителство на Косово со Обвинителството на Основниот ...

Read More »

Следниот Самит на Европската политичка заедница на 16 мај во Тирана

Европските лидери на 16 мај идната година ќе се сретнат во Тирана, во рамки на шестиот самит на Европската политичка заедница. Овoј самит доаѓа во важен момент за Република Албанија, по напредокот што земјата го имаше на меѓународната сцена, но и на патувањето кон Европската унија, бидејќи на 18 декември се очекува да се одржи третата Меѓувладина конференција за 6-то ...

Read More »

Продолжува градењето на Коридорот VIII Елбасан-Ќафасан што поврзува Албанија и Македонија

Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку. Додека ние градиме во правец на Македонија, Македонија гради во правец на Албанија, за да се спојат. По увидот на работите што се изведуваат од третата фаза од целосната реконструкција и проширување на ...

Read More »