Албанија

Бегај: Парламентарни избори во Албанија ќе се одржат на 11 мај 2025 година (ФОТО)

Претседателот Бајрам Бегај го донесе указот за одредување датум на изборите  за Собранието на Албанија. Изборите ќе се одржат на 11 мај 2025 година. За овие избори, претседателот на Републиката имаше на располагање четири недели од 15 април до 15 мај 2025 година. Основната причина за одредување на датумот 11 мај 2025 година како датум за одржување на овие избори ...

Read More »

Архимандритот Анастас Мамај е избран за епископ на Круја од Синод на Автокефалната Православна Црква на Албанија

Благодатниот Синод на Автокефалната Православна Црква на Албанија, под претседателство на Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г Анастас се собра денеска на 9 декември 2024 година и со апсолутно мнозинство гласови го избра архимандритот Анастас Мамај за помошен епископ на поранешната епископија Круја, кој според Статутот на Црквата ќе биде член на Благодатниот Синод на новоизбраниот ...

Read More »

Изгласан буџетот за идната година, тежок 8,2 милијарди евра, со дефицит од 680 милиони евра

По единаесет часовна расправа, со 75 гласа „за“, од владејачкото мнозинство и 24 против на опозицијата, синоќа албанскиот парламент го изгласа буџетот за 2025 година. На седницата не беа прифатени над 40 амандмани на опозицијата, на групата ДП, но и на пратениците поддржувачи на Љуљзим Баша, а се однесуваа главно на обезбедување средства за економска поддршка на граѓаните. Буџетот е ...

Read More »

Сочувство од г.г.Анастас, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија за упокојувањето на Високопреосвештениот Митрополит Тимотеј

Неговото Блаженство Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија г.г. Анастас испрати писмо со сочувство за упокојувањето на Високопреосвештениот Митрополит Тимотеј до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Во продолжение ова писмо го пренесуваме во целост. До Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Господин Стефан Блаженејши брате, Со длабока тага ја примивме веста за преминувањето кон Господа на нашиот сакан ...

Read More »

Албанија денеска го одбележа 29 Ноември 1944 – Денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација

Од 7 април 1939 година до 29 ноември 1944 година, Албанија беше окупирана од фашистичка Италија, а по нејзината капитулација, есента 1943 година, Албанија беше окупирана од германските нацисти. На крајот на ноември 1944 година, по ослободувањето на Тирана на 17 ноември и главниот дел на Северна Албанија, градот Скадар и неговиот округ останале да бидат ослободени. Скадар бил последниот ...

Read More »

Албанија ја слави 112-годишнината од прогласувањето на независноста

Албанија денеска ја слави 112-годишнината од прогласувањето на независноста. На 28 ноември 1912 година, Исмаил Ќемали го подигнал знамето во Валона, прогласувајќи ја Албанија за суверена и независна држава. Со актот на Декларацијата за независност на Албанија, претседателот на привремената влада Исмаил Ќемали ги известил шесте големи сили: Англија, Италија, Австро-Унгарија, Франција, Германија и Русија. Исто така, биле известени балканските ...

Read More »

Сали Бериша е на слобода, мерката куќен притвор укината

„Денеска судот ја укина мерката куќен притвор, како мерка која нема ниту услови, ниту критериуми за нејзино определување, а од денеска Сали Бериша е на слобода и против него нема безбедносна мерка. Друга безбедносна мерка нема. Не можам да го поврзам досието со вас, но судот оцени дека за Сали Бериша не постојат услови и критериуми за каква било мерка ...

Read More »

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови (ВИДЕО)

Протестот под мотото „Или денес или никогаш“ организиран од опозициската Демократска партија, на Сали Бериша, поддржан од Партијата на слободата, на Илир Мета, од 17 до 19:30 часот целосно ја блокира Тирана. Колони автомобили беа заглавени со неможност да се движат, а поради насилното однесување на учесниците во кое предничеа пратеници и партиски функционери, полицијата беше принудена да употреби солзавец ...

Read More »

Осуден поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако претходно прогласен за непожелен за САД

Под обвинение за „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување документи“, Специјалното обвинителство побарало 4 години, но поради согласноста за скратена судска постапка казната му е намалена. Специјален суд против организиран криминал и корупција, попладнево му изрече казна затвор во траење од 2 години и 8 месеци на поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако. Под обвинение за „злоупотреба на службената положба“ ...

Read More »

Тирана воведува бесплатен автобуски превоз за пензионери

Снимка од екран од вестите на македонски јазик на јавниот сервис ТВШ2 од 21.11.2024 г. Општина Тирана објави дека од 1 јануари 2025 година, пензионерите ќе може да патуваат бесплатно со градски автобуси, пренесува јавниот сервис ТВШ 2. Бесплатниот превоз ќе биде овозможен за пензионери постари од 60 години за жени и над 65 години за мажи, чиј вкупен број ...

Read More »