Премиерот Еди Рама вели дека сите здравствени и логистички структури во областите изложени на ризик од пожари се мобилизирани. Преку објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека сите регионални болници се во континуирана координација за оперативна поддршка на структурите. „Министерството за здравство и социјална заштита веднаш го воспостави итен механизам за мобилизација на сите здравствени и логистички структури во областите ...
Read More »Албанија
Делегација на Руска православна црква се сретна со поглаварот на Автокефалната православна црква на Албанија
На 11 август 2025 година, со благослов на Неговата Светост, Патријархот Московски и на сета Русиа Кирил, претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, Митрополитот Волоколамски Антониј, пристигна во работна посета на Албанија. На 12 август Митрополитот Антониј се сретна со Блаженејшиот Архиепископ Тирански, на Драч и цела Албанија Јован во неговата официјална резиденција во Тирана. На ...
Read More »Албанија: Полицијата ја опколи зградата на Њуз 24 и го исклучи сигналот, реагираше Здружението на новинари
Здружението на новинари на Албанија (AGSH) остро реагираше откако полицијата ги опколи канцелариите на телевизијата News24, исклучувајќи го нејзиниот сигнал, како и весниците “Панорама” и “Газдата шчиптаре” оценувајќи го настанот како неприфатлив чин и директна закана за слободата на печатот. Според здружението, блокадата на работните простории на новинарите претставува флагрантно кршење на основните принципи на демократијата и слободата на изразување, ...
Read More »Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села
Пожар од големи размери го зафати јужниот дел на Албанија. Во општина Финиќ, изгореа две куќи, евакуирани се жителите на две села, а се вложуваат максимални напори да се спречи ширењето на пожарот кон хидроелектраната „Бистрица”. Критичната е состојба во селата Велахово, Ливина, Ардасово, Бистрица и Кронѓ. Евакуации беа извршени во Ливина и Ардасово. На терен е присутен и министерот ...
Read More »Албанија: Побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита учествуваат во гаснењето на пожарите
Три од 19 идентификувани пожари се сè уште активни во Албанија, зафаќајќи значителни шумски површини и носејќи висок ризик од ширење, објави Министерството за одбрана на земјата. Пожарникарите , армијата , локалните служби и два шведски авиони од Европскиот механизам за цивилна заштита учествуваат во гаснењето на пожарот , објави „Албанска пошта“.
Read More »СПАК: Уапсени 14 лица, запленет имот и пари во милионски износи
Специјално обвинителство за борба против корупција и организиран криминал (СПАК) спроведе една од најголемите операции против меѓународна нарко-организација, при што беа уапсени 14 лица и запленети милионски вредности во имот и пари. Операцијата, спроведена во соработка со ЕВРОПОЛ и властите на Германија, Белгија, Франција, Холандија и Италија, е резултат на истрага започната во 2023 година. Истата се засновала на анализа ...
Read More »Албанија: Кредити без камата за деца на загинати полицајци на должност и деца кои се под државна грижа
Нова програма за поддршка на домување со олеснување за одредени социјални категории преку бескаматни кредити субвенционирани од државниот буџет најави албанската Влада, која денеска донесе одлука за тоа. Министерот за економија, култура и иновации Бленди Гонџа денеска објави дека програмата е насочена кон клучните социјални групи, вклучувајќи ги семејствата на починати полицајци, децата под државна грижа и станарите кои живеат ...
Read More »Безбедни новинари: Загрижени околу предложените измени на Кривичниот законик на Албанија
Откако Министерството за правда на Албанија го објави нацрт-законот, потписниците на соопштението изјавија дека „продолжуваат внимателно да го следат развојот на ситуацијата и да подготвуваат детална правна анализа“ Мрежата „Безбедни новинари“ денеска во соопштение изрази длабока загриженост во врска со предложените измени во Кривичниот законик на Албанија и оцени дека новото регулирање на кривичните дела клевета, навреда и влијание врз ...
Read More »Албанија: Пожари беснеат низ цела земја, кај Делвина евакуирани три села
Пожарот гори со денови, и во него изгореа 21 куќа и црква, а поради силниот ветер се проширил кон други населени места поради што евакуирани се жителите на три села. Операцијата продолжува со сите структури, потпомогнати од 60 пожарникари и четири противпожарни возила на вооружените сили, армиски хеликоптери како и на Унгарија. За време на гаснењето, началникот на полициската станица ...
Read More »Самопријавувањето на адреса во е-Албанија со документи за имот ќе биде задолжително
Секој граѓанин со живеалиште или место на живеење во Албанија ќе биде должен да поднесе самодекларација за својата адреса на живеење преку е-Албанија. Меѓутоа, за да докаже дека граѓанинот живее на декларираната адреса, ќе биде должен да го прикачи документот за сопственост на станот или договорот за закуп за оние кои живеат во изнајмен стан. Истата постапка ќе важи и ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden