Албанија

Од туризмот минатата година Албанија остварила приход од над четири милијарди евра

Податоците на Централна банка на Албанија потврдуваат дека во текот на 2023 година приходот од туризмот достигнал 4,1 милијарди евра, што е највисок износ остварен до сега, што е факт дека туризмот станува еден од најважните сектори на албанската економија, јави Ора њуз. Доколку се спореди со нивото на приходи во 2019 година, која важеше за најдобра година за туризмот, ...

Read More »

Одбиено барањето на Бериша да му се дозволи присуство на пленарни седници

Специјалниот апелациски суд во Тирана го одби барањето на лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија и поранешен премиер Сали Бериша да учествува на пленарните седници. Бериша побара да може да го  напушти домот, каде што е во „куќен притвор“, за да присуствува како пратеник на седниците на Собранието, но попладнево судот објави дека барањето е одбиено. Неговиот адвокат ...

Read More »

Мирните води на село Лин дел од Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа 

Археолошките истражувања биле во рамките на регионалниот проект EXPLO, а еден од најважните резултати на проектот е што населбите на крајбрежјето на езерото во регионот се многу постари отколку што очекувале. Првите активности во рамките на проектот биле со партнери од нашата земја, а тесно соработуваат и со грчката страна од EXPLO. Од 2018 година почнале првите контакти со археолозите ...

Read More »

По налог на СПАК уапсен Јорго Горо, в.д. градоначалник на Химара

По налог на Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, вчера доцна попладне,  уапсен е  вршителот на должноста градоначалник на општина Химара, Јорго Горо, за злоупотреба на службената положба. Судија на претходна постапка му одредил притвор, а на три лица одговорни во секторот урбанизам мерка домашен притвор. Едно лице е во бегство. Горо  интервенирал во отуѓување државно земјиште да ...

Read More »

Земјотрес од 5,3 степени по Рихтер ја погоди Црна Гора, се почувствува и во Албанија и Македонија

Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и цела Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Албанија и Македонија. Сеизмографите на Хрватската сеизмолошка служба забележаа силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер. Според првите информации, епицентарот бил веднаш ...

Read More »

ЕУ и САД побараа од албанските политичари функционален парламент што поскоро

Претставниците на ЕУ и на САД во Тирана, побараа од албанските политичари преку дијалог да ја надминат ситуацијата во Парламентот, порачувајќи им дека тој „треба да биде во служба на граѓаните, а не на политичарите“ и оти очекуваат „функционален парламент што поскоро“. Во функција на тоа, Дејвид Визнер, вршител на должноста во американската Амбасада, остварил средба со претседателката на Собранието ...

Read More »

Албанија ги укина визите за туристи од Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Тајланд

Со цел привлекување што поголем број туристи од сите делови на светот албанската Влада донесе одлука со која до крајот на годинава ги укинува визите за граѓаните на пет држави. Станува збор за државјаните на Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Тајланд. Граѓаните од овие земји можат да влезат во Албанија само со патна исправа. Ова е со цел да ...

Read More »

Белери кој на локалните избори во Албанија „купуваше гласови“ осуден на 2 години затвор

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција во Тирана, попладнево му изрече казна затвор во траење од две години на Фреди Белери, кој беше уапсен два дена пред локалните избори минатата година за „купување гласови“ Специјалното обвинителство пак за него бараше казна затвор од 2 години и 6 месеци. Што се однесува до другиот обвинет, Фреди Кокавеши, соработник на Белери, СПАК ...

Read More »

Бала: Дубаи повеќе нема да биде оаза за албанските криминалци, ќе потпишеме договор за екстрадиција

Министерот за внатрешни работи Таулант Бала изјави дека многу брзо меѓу Албанија и Обединетите Арапски Емирати ќе биде потпишан договор за екстрадиција на лицата од светот на криминалот, албански државјани, кои се кријат во оваа земја, главно во Дубаи. Тој рече дека набрзо ќе престојува во Емиратите за да го конкретизира овој договор, предупредувајќи дека сите оние луѓе кои имаат ...

Read More »