Албанија

Ирански хакери тврдат дека по нападот ги имаат сите податоците собрани за време на пописот во Албанија

Ирански хакери тврдат дека по нападот ги имаат сите податоците собрани за време на пописот во Албанија. Но, ова беше отфрлно од ИНСТАТ, во реакциите што го направи денеска. ИНСТАТ наведува дека пописните податоци не се засегнати, но додаваат дека објавувањето на статистиката ќе се одложи. „Институтот за статистика (ИНСТАТ) ја информира јавноста дека поради сајбер напад што зафати некои од ...

Read More »

Тирана го презеде претседавањето со Б40, мрежа на градовите од Балканот

Тирана официјално го презеде претседавањето со најголемата мрежа на балкански градови Б40. На самитот што се одржа во главниот град, на кој учествуваа градоначалници и делегации од 54 балкански градови, првиот човек на општина Тирана, Ерион Велиај рече дека сега е време за соработка како никогаш досега. За градоначалникот Велиај, ова „ново украсување е важен настан за главниот град“. -Б40 ...

Read More »

Албанскиот Уставен суд го одобри договорот со Италија за прифаќање мигранти

Уставниот суд на Албанија во понеделникот го одобри договорот со кој се дозволува Италија да гради центри за мигранти на албанска територија, потег што беше критикуван од опозицијата и организациите за човекови права. Претставниците на албанската опозициска Демократска партија го изнесоа договорот пред судот, тврдејќи дека тој го прекршува уставот на земјата. Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации ...

Read More »

Судот во Тирана му го продолжи куќниот притвор на Сали Бериша

Специјалниот апелациски суд во Тирана денеска ја потврди одлуката за продолжување на куќниот притвор на поранешниот премиер, Сали Бериша. Одлуката ја донела судијката Иљирјана Олдаши со која притворот е продолжен од 30 декември. По одлуката на Апелација, адвокатот на поранешниот премиер Генц Ѓокутај изјави дека одбраната ќе се жали до Врховниот суд, објави „Албаниан дејли њуз“. Поранешниот премиер Сали Бериша ...

Read More »

Единаесет случаи на морбили во Тирана и Драч, Министерството за здравство апелира за имунизација

Во Албанија веќе се потврдени првите 11 случаи на заразени со морбили (мали спаници) и тоа во Тирана и Драч. Станува збор за деца на возраст од една до девет години, кои не биле вакцинирани. Лекарите епидемиолози ја опишуваат како епидемија на сипаници, бидејќи меѓу нив шест деца се во роднинска врска, додека другите имале контакт со нив. Со оглед ...

Read More »

Уставниот суд во Тирана ќе расправа за договорот за имигранти со Италија

Група млади од Лежа, на чија територија е планирана изградба прифатни центри за имигранти, денеска протестираат пред Уставниот суд во Тирана, кој расправа за уставноста на договорот со Италија за имигрантите. Против сме формирање на прифатни центри во нашата околија, што е предвидено во договорот меѓу премиерот Еди Рама и неговата колешка Џорџа Мелони. Бараме поништување на договорот, бидејќи тој ...

Read More »

Православниот празник Богојавлние – Водици беше одбележан и во областа Шпат од Елбасанска Митрополија (ФОТО)

Во областа Шпат, која е под јурисдикција на Елбасанска Митрополија со радост се празнуваше Богојавление – Водици. Божествената Литургија, по повод овој голем православен празник, ја водеше отец Јани Ранџа, свештеник на парохијата. Веднаш после Божествената Литургија, на која беше благословена и водата, свештените и световните лица, заедно се упатија кон Паштрешкото Езеро. Во неговите води беше фрлен светиот Крст, ...

Read More »

Опозиција го спречи претседателот Бегај да се обрати во Парламентот

На претседателката на Парламентот Линдита Никола не и преостана ништо друго освен да му се извини на Бегај. Новата година не ја смени стратегијата на опозициските демократи и на првата пленарна седница на албанскиот Парламент, објави Топ чанел. Блокирањето на собраниската говорница продолжи доцна попладнево, не само пред владејачките социјалисти, туку и пред британскиот и германскиот амбасадор, кои, преку социјалните ...

Read More »

Висок инспекторат почна истрага против градоначалничката на Булќиза, за лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо

Висок инспекторат за пријавување и контрола на имот и судир на интереси (ИЛДПКИ), информираше дека е започната управна истрага за градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри. Откако темелно го разгледавме барањето на  пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи, одлучивме да почне истрага на проверка, постапување и решавање на сомнителниот случај на судир на интереси при вршење на должноста на градоначалничката на ...

Read More »

Рама ја проширува албанската Влада со уште едно министерство

Премиер Еди Рама најави нова промена во владата, формирање на државно Министерство за јавна администрација и антикорупција на чело со Адеа Пирдени, доктор по правни науки и актуелна заменик-министерка за правда. Според Рама оваа промена доаѓа во време кога Албанија е во нова фаза на развој и работи на поглавјата од преговорите за членство во ЕУ, кои бараат нов пристап ...

Read More »