Албанија

Земјотрес кај албанскиот град Лежа со јачина од 3,1 степена

Земјотрес со јачина од 3,1 степена според Рихтер е регистрран попладнево во Албанија. Епицентарот на потресот,кој е почувствуван во 13:35 часот е на 11 километри од градот Лежа и шест километри северно од Рубик. Земјотрес со јачина од 4,2 степени и епицентар во Лежа беше регистран и вечерта на 12 септември,кој се почувствува и на македонско тло. Утрово, на 13 ...

Read More »

Почна во Поградец дeсето издание на Балканскиот филмски и кулинарски фестивал

Десето издание на Балканскиот филмски и кулинарски фестивал во Поградец беше отворено вечер. За 5 дена и ноќи, во градската кино сала ќе бидат прикажани филмови изработени од албански и разни балкански земји како Македонија, Романија, Хунгарија, Турција, Хрватска, Србија, Грција, Косово, Црна Гора, . Поградец е  „Главен град“ на Балканот благодарение на овој настан што го организира годишно од ...

Read More »

Почина Сабит Брокај, поранешен албански министер за здравство и за одбрана 

На 78-годишна возраст ненадејно почина Сабит Брокај, познат албански универзитетски професор, поранешен министер за здравство и за одбрана и една од клучните личности во Социјалистичката партија. Роден е на 7 јануари 1942 година во Валона а од 1959 до 1964 година, служел како медицински помошник на подморница. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Тирана во 1969 по што профолжил да служи ...

Read More »

Сореца: За Албанија 180 милиони евра финансиска помош од ЕУ

  Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, преку објава на Фејсбук, информираше дека за Албанија е одобрена финансиска помош во износ од 180 милиони евра за борба против Ковид-19. Сореца појаснува дека овие средства ќе придонесат за зајакнување на јавните финансии, зголемување на социјалната заштита и борба против корупцијата. „Владата на Албанија ќе добие финансиска помош од 180 милиони ...

Read More »

Парламентарните избори во Албанија на 25-ти април

Следните парламентарни избори во ќе се одржат на 25 април 2021 година. Датумот со указ го одреди претседателот Илир Мета по консултациите што со политичките партии ги одржа пред два дена. Согласно Уставот на Република Албанија, Изборниот законик, како и по консултациите со политичките партии за одредување на датумот на избори за Собранието на Албанија,го одредувам 25 април(недела) 2021 годна за ...

Read More »

Телефонски разговор Лавров – Рама за ситуацијата во Белорусија

На 20 август, на иницијатива на албанска страна, имаше 30-минутен телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и премиерот на Албанија Еди Рама, во својство на претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), за ситуацијата во Белорусија. За ситуацијата во Белорусија се разговараше во контекст на предлозите на албанското претседателство на ОБСЕ ...

Read More »

Колона возила долга 20 километри чека за влез од Албанија во Грција (ВИДЕО)

Неколку илјади Албанци кои работат во Грција, заглавија денеска на границата меѓу двете земји. Тие се обидуваат да ја преминат границата пред да стапи на сила мерката, според која сите кои влегуваат во Грција мораат да имаат негативен тест на ковид-19, соопшти албанската полиција. Колона долга неколку километри, во која има околу 4.000 возила, е формирана на граничниот премин Какавиа, ...

Read More »

Албанија добива беспилотни системи што ги има САД , Германија и Британија

На 31 јули, договорната команда на американската армија објави набавка на беспилотни летала и софтвер за албанското Министерство за одбрана како краен корисник. Договорот се очекува да биде доделен на компанијата AeroVironment (AV) со седиште во Калифорнија , производител на RQ-20B Puma беспилотни системи, кој произведува различни беспилотни системи, тактички ракетни системи и псевдо-сателитски соларни решенија за употреба во широкопојасни ...

Read More »

Албанија протера ирански шпион кој како бегалец се засолнил во кампот на Муџахедините 

Припадник на иранската тајна служба, кој бил илфириран во кампот на Муџахедините во Манез кај Драч, протеран е од Албанија и предаден на грчките власти, јави Топ чанел телевизија. Ехсан Биди (43) во Албанија влегол на 16 октомври 2013 година со иранаска патна исправа издадена од МОИС/Вевак заедно со контингентот од две илјади Муџахедини кои од „кампот на слободата“ од ...

Read More »

За Албанија 10,56 милиони евра германска помош за справување со последиците од Ковид-19

Германската Влада ќе и додели на Албанија 10,56 милиони евра помош за справување со социо – економските последици од Ковид-19. Ова на средба со албанската министерка за финансии и економија Анила Денај, го соопштил германскиот амбасадор во Тирана Петер Зинграф. Германија ќе и додели на Албанија дополнителен фонд од 10,56 милиони евра во рамки на економската и техничка соработка меѓу ...

Read More »