Владата денеска го прогласи Куршумли ан во Скопје за културно наследство од особено значење. „На предлог на Управата за заштита на културното наследство, за Куршумли ан кој е изграден во средината на ХVI век и кој претставува споменик на културата, се овозможува трајно зачувување во изворна состојба“, се наведува во владиното соопштение. Исто така од Владата додаваат дека со одлуката ...
Read More »Култура
Агенција за книга за претставување и афирмација на македонската литература во светот
Темата за формирање т.н. Агенција или Биро за книга, институции какви што постојат во државите од соседството, веќе подолго време беше предмет на интереси и коментари во јавноста, но и покрај некои најави во минатото, досега ништо конкретно не е преземено во оваа насока. Во ова тематско истражување се обидовме да подискутираме со некои од македонските современи писатели и издавачи ...
Read More »Дела на Прокопиев, Лафазановски и Трајкоски објавени во Албанија
Во издание на реномираната албанска издавачка куќа „Фан Ноли” од Тирана, деновиве излегоа од печат преводите на книгите „Човечулец” на Александар Прокопиев и „Храпешко” на Ермис Лафазановски. Минатата година во издание на „Фан Ноли” излезе и романот „Неверство” на Дејан Трајкоски. Овие дела досега имаат десетина преводи на балкански и светски јазици. Книгата „Човечулец: Бајки од левиот џеб” оригинално е издадена ...
Read More »Излезе од печат монографијата „Возобновителот“ – посветена на Архиепископот охридски и македонски Доситеј (1906-1981)
Во издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) излезе од печат монографијата „Возобновителот“ – посветена на Архиепископот охридски и македонски Доситеј (1906-1981). Во знак на благодарност и сеќањање на ликот и делото на првиот Архиепископ охридски и македонски Доситеј (1906-1981) на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква, а по повод големите јубилеи ...
Read More »Изезе од печат книгата „За македонските работи“ од академикот Љупчо Коцарев
Во издание на „Матица македонска“ изезе од печат книгата „За македонските работи“ од академикот Љупчо Коцарев. На страници од ова тестаментално дело, авторот застапува есеи, обраќања, беседи и слова, во кои со критичка опсервација ги анализира македонските состојби. Книгата е составена од четири дела – „Македонскиот дел од пеколот и од рајот: како понатаму?“, „Предизвици во науката“ ,„Интервјуа“ и „Македонскиот ...
Read More »Учество на Државниот архив на Македонија на НАТО Архивскиот комитет
За кратко време, откако на 27 март 2020 година нашата држава стана полноправна членка на НАТО алијансата, Државниот архив стана член на Архивскиот комитет на НАТО, во чија работа учествуваат претставници на националните архиви од сите држави-членки. Успешната комуникација и соработката со НАТО Архивскиот комитет и на нивна покана веќе вторпат учествува на Работилница и Годишен состанок на Архивскиот комитет ...
Read More »Прв настап на хорот од Бигорскиот манастир на официјален настан во Атина – аплауз и воодушевување од публиката
Атинскиот Соборен храм посветен на Светото Благовештение на Пресвета Богородица, храм-паметник на Православната Црква во Грција, место на многу свештени богослужби, на значајни настани и годишнини, вчеравечер беше сведок на уште едно уникатно и историско собитие. Имено, на покана на Министерството за култура и спорт на Грција и на Здружението на псалти од Атика „Свв. Роман Слаткопевец и Јован Дамаскин“, ...
Read More »МАНУ подготви веб-страница со дигитални изданија на делата на Блаже Конески
По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, 2021 година е прогласена за Година во чест на Блаже Конески, а Македонска академија на науките и уметностите е активно вклучена во одбележувањето на оваа значајна годишнина на својот прв претседател преку повеќе активности. Една од активностите е и изработка на веб-страница со дигитални изданија на делата на Блаже Конески којашто ја подготви Истражувачкиот ...
Read More »Се одржа манифестацијата 21 Пелагониски културно научни средби во Новаци
На 13. Ноември 2021 година во Новаци се одржаа „21. Пелагониските културно-научни средби“, на кои беше доделена наградата “Повелба за животно дело“ на проф. д-р Златко Жоглев и наградата “Златен клас за македонски вознес“ постхумно на поетот Панде Манојлов. Манифестацијата „Пелагониските културно-научни средби“, се формирани во 2000 година во Општина Новаци. Носители на активноста се познати писатели и научни творци ...
Read More »Списанието „Современост“ одбележува 70-годишнина од своето постоење
На 17 ноември (среда) во 19:00 часот во Големиот салон на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, списанието за литература, култура и уметност „Современост“ ќе ја одбележи 70-годишнината од своето постоење. Јубилејот на списанието „Современост“ годинава се поклопува со 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, кој и самиот во суштинска мера придонел за егзистенцијата и развојот на ова списание, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden