Сара Џелили учестуваше на литературниот конкурс „Јазикот на душата“ во рамките на проектот „Творам за Македонија“ – Фондација Никола Кљусев, на ниво на средни училишта од Република Македонија. Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сара Џелили потекнува од с. Требиште, областа Голо Брдо, ...
Read More »Македонци – Албанија
Општина Булќиза подели новогодишни пакети за Македонците во Требиште и Острени, областа Голо Брдо
Општина Булќиза распредели пакети со хуманитарна помош за 50 македонски семејства кои се во социјален ризик, во административните единици Требиште и Острени, област Голо Брдо, Помошта се состои од прехрамбени артикли, средства за одржување на хигиена и по вреќа брашно. Во двете административни едници опфатени се по 25 семејства кои се во најнеповолна социо – економска состојба. Проценката ја направивме ...
Read More »Божиќно-новогодишна честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија
На албанската државна телевизија емитувана е честитка на македонски и на јазиците на другите етнички заедници по повод Божик и Нова година. Честитката на македонски јазик, ја упати Илче Костофски, кој ја подготвува емисијата на македонски јазик, што се емитува на вториот канал на телевизијата. Честити божиќни празници и среќна Нова година, со желби за добро здравје, среќа, спокојство и ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Божик и Нова година 2021
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Божик и Нова година 2021 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај.
Read More »Стерјовски се избори за потребните средства за изградба на водовод во областа Мала Преспа (ВИДЕО)
Васил Стерјовски, пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во албанскиот Парламент успеа да излобира албанската Влада да издвои средства за изградба на водоводна мрежа во Општината Пустец. Во ноември Стерјовски на пленарна седница на Парламентот изјави дека Општината Пустец е единствена општина за која албанската Влада со буџетот за 2021 не планира никаква инвестиција. Стерјовски денеска од собраниската ...
Read More »Во Мала Преспа продолжува работата за засадување на 1.100 садници липа
Во областа Мала Преспа се одвива втората фаза на Проектот за прекуграничен биосферски резерват – Преспа, финансиран од KFW, фаза II, со што продолжува поддржувањето на одржливо шумарство и управување со земјиштето. Имено, во Преспа продолжува работата за засадување на 1.100 садници липа долж двете страни на два споредни пата. Едниот е Националниот пат – село Глобочани, а вториот е Национален ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа
Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно да ...
Read More »Европскиот парламент ја изгласа Иницијативата за заштита на малцинствата SafePack
Европскиот парламент со големо мнозинство пред три дена ја изгласа Резолуцијата за малцински безбедносен пакет, иницирана од петиција потпишана од повеќе од еден милион граѓани на земјите членки на ЕУ. Целта на оваа Резолуција е да се заштитат правата на малцинствата во ЕУ. За резолуцијата гласале 524 европратеници, 67 биле против и 103 воздржани. Сега треба Европската комисија да предложи ...
Read More »Претседателот на Владата Зоран Заев на посета кај Македонците во Општина Пустец (ФОТО + ВИДЕО)
Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска, при посетата на Општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, заедно со своите домаќини Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Општината, Пали Колефски го посетија заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува Благодарност до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
Македонско друштво “Илинден“-Тирана како и неколку години наназад, добива бесплатни верски календари од Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија. Верските календари се даруваат на Македонци во Албанија. Имајќи предвид дека бројот на заинтересирани лица за овие календари секоја година е се поголем, Македонско друштво “Илинден”-Тирана информира дека верските календари од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се веке достапни и само ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden