Македонци – Албанија

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот „Македонско културно лето“–симбол на истрајноста и духот на македонската заедница во Албанија. ,Фестивалот претставува жив сведок на богатството на македонската култура, уметност и традиција и испраќа ...

Read More »

Муцунски: Мала Преспа и Пустец се жив доказ дека етничката и културната разноликост не разделува, туку обединува

 „Мала Преспа и Пустец се жив доказ дека етничката и културната разноликост не разделува, туку обединува. Благодарение на официјалниот статус на македонскиот јазик, двојазичното образование, активната дипломатска и прекугранична поддршка од нашата Влада – заедно со посветеноста и ангажманот на локалното население – македонската заедница во Албанија успева да ја зачува својата уникатност, да ја негува врската со матичната земја ...

Read More »

Муцунски од Пустец: Македонија сака да се отвори конзулат во Корча

Македонија сака да се отвори македонски конзулат во градот Корча, изјави министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, за време на посетата на Пустец. „Тука во Пустец имаме наша Македонска заедница. Дојдов со министерот за внатрешни работи, а министерот за култура наскоро ќе ни се придружи. Заедницата придонесе за албанското општество, додека ние како влада треба да направиме повеќе ...

Read More »

Апел за финансиска помош за санација на пештерска Црква Свети Никола во Пустец

Апел за финансиска помош за санација на пештерска Црква Свети Никола во Пустец, Преспа. Потребни се средства за реновирање на пештерска Црква Свети Никола. Поради тоа, ги повикуваме сите Македонците како во Република Албанија, така и Македонците низ целиот свет да помогнат за за санација на пештерска Црква Свети Никола, по молба и барање на македонските верници од Пустец. Oбјава ...

Read More »

Македонските друштва “Сонце” и “Илинден” на Саемот за разновидност во Тирана

Македонските друштва “Сонце” и “Илинден” учествуваа на Саемот за разновидност,  уметност, храна и дијалог во Тирана. Македонското малцинство се претстави со три македонски традиционални јадења: пита со грав, позната како „Грашалник“ вкусно традиционално јадење што се подготвува во домовите на македонците од регионите Голо Брдо и Преспа и вкусната десерт познат како „Реванија“ се подготвува во Голо Брдо и „попарена тришка“ ...

Read More »

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија: Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите (ФОТО)

За време на работната посета на Република Албанија, каде што учествуваше на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонското национално малцинство во Република Албанија. Таа беше информирана за нивната состојба и за односот на албанските институции кон нив, на државно и на локално ниво, како и ...

Read More »

Сиљановска-Давкова: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби

Прашање: Претседателке, можност во нашата амбасада овде, во Тирана, средба со претставници на нашинците, кои се нивните да речам, условно кажано, некои забелешки имаат. Што ви пренесоа, каква е ситуацијата овде во Албанија на македонското малцинство? Претседателката Сиљановска-Давкова: Самата албанска држава или самата албанска власт, како што ни е познато, врз основа на Законот за заштитата на правата на малцинствата, им ...

Read More »

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство во албанската полиција

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како и другите малцинства во Албанија, да бидат соодветно застапени во редовите на Државната полиција, изјави лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на семинарот организиран од Единицата за соработка против дискриминација при Советот на Европа, одржан во Драч. Тоа, оцени тој,  не само што го зајакнува претставувањето, туку и ја ...

Read More »