Фото: Васил Стерјовски Македонците во Република Албанија го прославија Стара нова година и Св.Василиј – Василица, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар. По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција. Во секое македонско семејство ширум Албанија, во областа Голо Брдо, Мала Преспа, Врбник, Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец домаќинките подготуваат пита ...
Read More »Македонци – Албанија
МАЕИ и Патриотското друштво од Скопје со хуманитарна акција по повод Василица – поделени пакетчиња за децата во Корча и Пустец
Фото: Македонска алијанса за европска интеграција Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во соработка со Патриотското друштво од Скопје, Македонија по повод Старата Нова година – Василица, реализираше хуманитарна акција со доделување новогодишни пакетчиња за децата од македонско потекло во Корча и во Општина Пустец. Во Пустец, пакетчињата беа поделени во Основното и средното училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓорѓиефски“. ...
Read More »Честитка по повод Стара нова година – Василица од Македонското друштво “Илинден“-Тирана
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Стара нова година 2025 и Свети Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај.
Read More »Во Голо Брдо снег и до 50 сантиметри, без струја над 18 часа
Областа Голо Брдо, населена главно со Македонци, по обилните дождови, од синоќа ја зафатија снежни врнежи, од кога има прекин и во снабдувањето со електрична енергија. Снегот не е исчистен од патиштата а дополнително проблем е и мразот. Без електрична енергија сме повеќе од 18 часа. Што да речам, заборавени сме од властите со децении, па веќе сме навикнати, рече ...
Read More »Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“ за првпат изработена во Албанија и посветена на областа Гора (ФОТО)
Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Гора, содржи 8 фотографии за овој крај значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден”. Ова издание е отпечатено со финансиска ...
Read More »Отворена во Корча фотографската изложба „Пустец, природа, наследство, живот“
Во Галеријата на уметностите „Гури Мади“ во Корча, беше отворена фотографската изложба „Пустец, природа, наследство, живот“, визуелно патување низ Преспа и македонската заедница во Пустец, преку објективот на уметникот Роланд Беќирај. Изложбата ѝ нуди на публиката автентични портрети, впечатливи пејзажи и посебни детали од традицијата и културата, кои го отсликуваат духот, секојдневниот живот и идентитетот на македонската заедница во Пустец. ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана апелира на претпазливост поради влошување на временските услови
Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја информира јавноста дека земјата се соочува со влошување на временските услови, придружени со интензивни врнежи од дожд и снег, силни ветрови, како и ризик од поплави и лизгање на земјиштето. Во оваа ситуација, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува граѓаните да покажат максимална претпазливост и да преземат потребни мерки за да избегнат ризици: избегнување на непотребни движења, ...
Read More »Македонската алијанса за европска интеграција: Притисоци за забрана на користење на македонските симболи во Албанија
Според Годишниот извештај за 2025 година на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Македонците во Албанија во текот на изминатата година се соочиле со сериозни притисоци поврзани со ограничување на употребата на македонските национални симболи. Во извештајот се наведува дека претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина Бежани, припадник на грчкото малцинство во Албанија, во повеќе наврати побарала Македонската алијанса ...
Read More »Помен за Цветан Зафир Мазнику 1938-2015
На седумдесет и седум годишна возраст, на денеш ден 2015 година, во Тирана, на големиот христијански празник Божик, почина Цветан Зафир Мазнику, роден 1938 година во село Клење, Голо Брдо, Албанија едно од 21-те села во оваа област (*). Основно образование завршил во родното село Клење, а гимназија во градот Драч. Во 1957 година ги започнал студиите на Рударскиот факултет ...
Read More »Извештај на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за 2025 година
I. Вовед Општа политичка и општествена рамка на делувањето на МАЕИ во 2025 година Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствен автохтон политички и национален субјект на Македонците во Албанија, и во 2025 година имаше исклучително динамична, активна и содржајна година, посветена на заштитата, афирмацијата и унапредувањето на правата, идентитетот и културното наследство на македонската заедница. II. Хуманитарни, образовни ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden