Македонци – Албанија

Се уште беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“ кај Пустец

Се уште беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“ кај Пустец, чие гаснење е прекинато синоќа и ќе продолжи денеска. Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски рече дека поради високите температури, ветерот и недостапниот терен гаснењето е речиси неможно  а опожарената површина е многу голема. Од првите моменти кога беше пријавено, имаше брза реакција, но времето и оваа суша го фаворизираа ...

Read More »

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски во посета на Македонците во Општина Пустец (ФОТО – ВИДЕО)

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа во Општина Пустец, во Албанија порача дека Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови и дека постојат луѓе што не чекаат благодарност, туку само можност да продолжат онаму каде што другите би се откажале. Ви благодарам ...

Read More »

Почина Рамче Беќирај, познат под уметничкото име Горан Борјан, истакнат македонски активист од областа Гора борец за правата на Македонците во Албанија 1969-2025

Со длабока тага ја споделуваме веста дека денес почина Рамче Беќирај, познат под уметничкото име Горан Борјан, истакнат македонски активист, педагог и борец за правата на Македонците во Албанија. Роден во селото Борје, во областа Гора, Рамче Беќирај дипломираше на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Тирана, на одделот за јазик и литература. Својата кариера ја посвети на образованието, работејќи како ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај му врачи благодарница „Илинден“ на проф. д-р Кимет Фетаху

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај му врачи благодарница „Илинден“ на истакнатиот македонски активист проф. д-р Кимет Фетаху. Ми беше посебна чест и задоволство во име на друштвото и на Македонците во Република Албанија, во просториите на Македонската амбасада во Тирана лично да му ја предадам благодарницата “Илинден“ на истакнатиот македонски активист проф. д-р Кимет Фетаху, за неговата посветена ...

Read More »

Познатитот новинар и водител на ТВ-емисија Бленди Февзиу во посета на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град областа Преспа (ВИДЕО)

Познатито новинар и водител на ТВ-емисија Бленди Февзиу во посета на на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град областа Преспа.

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на г. Георгиј му го честиташе устоличувањето за митрополит на Дебарско-кичевската епархија Дебар

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во име на Македонците во Албанија, упати честитка до г. Георгиј по повод устоличувањето за митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана, и на Македонците во Република Албанија да ви честитам устоличувањето за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Ви посакуваме голем успех, убави дела а честа и ...

Read More »

Рама вети забрзување на легализацијата на објектите во Преспа

Премиерот Еди Рама ветил забрзување на процесот за легализација во Општина Пустец, најавувајќи тесна соработка со општинските власти со цел решавање на овие прашања во што е можно покус рок и во интерес на секој граѓанин.  Градоначалникот Пали Колефски ова го посочил на средбата на Рама со градоначалниците. За време на оваа значајна средба со премиерот Еди Рама, градоначалникот на ...

Read More »

Со европски пари ќе се гради патот до манастирот “Света Марена” во Туминец

Разговаравме за напредокот на одобрениот проект CROSSROAD, кој опфаќа асфалтирање на патот во село Туминец, од главниот пат до близина на почетната точка кон Манастирот „Света Марена“, со почитување на сите технички параметри и потребните подслоеви, објави Колефски. Според него оваа инвестиција значително ќе ја подобри инфраструктурата, пристапот за жителите и посетителите, а ќе придонесе за економскиот и туристичкиот развој ...

Read More »

Поддржан апелот на Црковниот одбор за санирање на црквата „Свети Никола” во Пустец (ФОТО)

Нашите сонародници и драги верници, како и во други случаи веднаш се одзваа на апелот за  помош и финансиска поддршка за санирање на овој божји храм. Првиот од нив што се јави е Александар Ѓорѓи од Пустец, кој со неговата градежна екипа и со несебична поддршка на наши млади верници од Пустец го санира покривот на Параклисот, објави Црковниот одбор. ...

Read More »

На граничниот премин Требиште – Џепиште областа Голо Брдо за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка до сега

Во првата поливина од годинава зголемена фрекфенција е регистрирана на граничниот премин Џепиште – Требиште, на македонско – албанската граница во областа Голо Брдо кој е втор премин на овој дел од границата, покрај ГП „Блато“. На овој премин, кој е од регионален карактер, во периодот јануари – јуни годинава регистриран е вкупен проток на патници од 22.919 што е ...

Read More »