Македонци – Албанија

Во Тирана се промовира книгата “Два корена, едно творештво” на проф. д-р Кимет Фетаху

Во Македонскиот културен центар во Тирана се одржа промоцијата на книгата “Два корена, едно творештво” на проф. д-р Кимет Фетаху. Оваа книга е од голема важност бидејќи содржи ризница на неистражената албанска литература од албански автори со македонско потекло кои пишувале не само на албански, туку и на македонски јазик. Кимет Фетаху е доктор на науки, универзитетски професор и голем ...

Read More »

Во училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец се одржа промоција на македонските машки носии од Преспа

Во училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, вчера се одржа промоцијата на македонските машки носии од Преспа, изработени во рамките на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во Корчанскиот регион“, реализиран од Македонското друштво „Сонце“ во соработка со партнерските организации и со поддршка на Комитетот за национални малцинства. По минатогодишната реконструкција на четирите ...

Read More »

Честитка од МАЕИ по повод 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) им го честита најголемиот духовен празник на македонскиот народ, 8 Декември, Денот на Свети Климент Охридски, првиот словенски просветител и светилник на словенската писменост. Свети Климент Охридски остави зад себе дело што го искова идентитетот и духовниот темел на македонскиот народ. Како бескомпромисен чувар на словенската писменост, основоположник на прочуената Охридска школа и наставник ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски 

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин,  господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот ...

Read More »

Завршен настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча”

Во просторите на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли” во Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча”. Настанот го организираше Македонското друштво „Сонце“ во соработка со Педагошкиот факултет, а со поддршка на Комитетот за национални малцинства на Република Албанија. На овој важен настан присуствуваше, Ректорот на ...

Read More »

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од областа Преспа

Станува збор за завршен настан од проектот “Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“. Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Педагошкиот факултет, и со поддршка на Комитетот за национални малцинства, го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“. На овој посебен ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес упати честитка за 70-то јубилејно издание на македонскиот весник “Илинден”

Светскиот Македонски Конгрес во името на најголемиот број Македонци, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, упатува искрени честитки до Македонското друштво “Илинден”- Тирана и неговиот претседател Никола Ѓурѓај за 70-то јубилејно издание на македонскиот весник “Илинден” нека се множат изданијата и нека се шири вистината за Македонците во Албанија и светот, вистината за ...

Read More »

Излезе од печат 70 издание на македонскиот весник „Илинден“

Ја споделувам радоста што ете доживеавме да го испечатиме јубилејното 70.издание на весникот, кој и понатаму буди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Се надевам дека ќе продолжиме со несмален интензитет да информираме со истата сериозност и пристап во објавувањето на темите, а се од интересен за ...

Read More »

Силна поддршка за македонското малцинство во Албанија на европско ниво

ФУЕН ја усвои резолуцијата на Македонците во Албанија – порака до Европа за заштита на малцинствата Резолуцијата поднесена од македонското друштво „Илинден“-Тирана беше едногласно усвоена на генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), одржано на 69-от конгрес во Болзано, Италија. Резолуцијата не е само декларативен акт – таа е официјален документ усвоен од најголемата европска организација за национални ...

Read More »

Резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции

Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности а поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските. Ова за mакедонски весник “Илинден” го потврди Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, додавајќи дека очекува албанските институции да преземат соодветни активности а посебно внимание да посветат и меѓународните институции. Со Резолуција, од ...

Read More »