Македонци – Албанија

Македонците од Мала Преспа им пркосат на предизвиците – македонштината, безработица, миграцијата, недопрената природа

Само неколку километри од македонската граница, распослани на брегот на Преспанското Езеро жителите од девет села со чисто македонско население во областа Мала Преспа, им пркосат на предизвиците на денешнината, сиромаштијата, миграцијата, борбата за опстанок. Со жар во очите велат „ние сме Македонци, Македонија ја носиме во срцето, таа е наша матична земја и среќни сме што Албанија ни дозволи ...

Read More »

Седум години без Спасе Мазенковски големиот борец за правата на Македонците во Албанија

Поминаа седум година без Спасе Мазенковски големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист од село Леска, Мала Преспа и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Република Албанија. Спасе Мазенковски целиот свој живот го посвети во афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Спасе ...

Read More »

Во Пустец одржан настан под мотото “Розите што зборуваат на јазикот на Европа”

Под мотото “Розите што зборуваат на јазикот на Европа” денеска во Пустец беше одржан настан во рамки на Европската недела. Општина Пустец во соработка со училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски” организираше едукативна и симболична активност: „Паркот на европските рози“, со финансиска поддршка од Европската Унија, спроведена преку проектот EU4GoodGovernance, објави општина Пустец на официјалната Фејсбук страница. Во дворот на ...

Read More »

Македонците во Албанија во Пустец го прославија празникот Вознесение Христово “Спасовден” (ФОТО)

Македонците во Пустец, Преспа го одбележаа празникот Вознесение Христово “Спасовден”. Во црквата, која се наоѓа во село Пустец, утринската свечена Божествена Литургија ја отслужи свештенкот Алексо Темелко, во врисуство на верници од Пустец. Нека е честит и за многу години ” Спасовден”.  

Read More »

Се одржа во Тирана првиот состанок на Комисијата за признавање на националните малцинства 

Под раководство на заменик министерот за внатрешни работи, Анди Махила, денеска се одржа првиот состанок на Комисијата за признавање на националните малцинства на кој учествуваа сите претставници на одредените институции, Комитетот за национални малцинства и претставници на граѓанското општество. На состнаок беше Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Ова е важен чекор за да се обезбеди ...

Read More »

Годишната средба во село Клење областа Голо Брдо ке се одржи на 01 јуни 2025

На 01 јуни 2025 со почеток во село Клење областа Голо Брдо ќе се одржи годишната средба кој сега стана традиција во прекрасно село Клење областа Голо Брдо Клења е прекрасно и фасцинантно место. Има широк спектар на историски, културни и природни добра, добро познато безбедно село, локалните жители се гостопримливи и многу пријателски расположени. На 01.06.2025 година организациската група како ...

Read More »

Етлева Будини од Драч снаа во Голо Брдо нова пратеничка на албанскиот парламент

Со 14 мандати во новото Собрание, округот Драч носи разновидна застапеност, со забележителни нови личности кои за првпат ќе седнат во Парламентот. Една од нив е Етлева Будини, сопруга на Боге Будини од село Клење, областа Голо Брдо која го обезбеди осмиот мандат на Социјалистичката партија во округот Драч. „Избрав да правам лична кампања, да се среќавам со луѓе на ...

Read More »

Македонците во Албанија го одбележаа 24 мај ден на светите Кирил и Методиј

Македонците во Албанија го одбележаа 24 мај ден на светите Кирил и Методиј сесловенските просветители, основоположници на словенската писменост и култура. Манифестацијата, организирана од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во соработка со здруженијата на Македонците со потекло од Егејска Македонија, се одржа во музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, каде присутните оддадоа почит на големото дело на солунските браќа. ...

Read More »