Тоа благодарение на залагањата на вршителот на должноста македонски амбасадор, Љуфтим Спахиу, директорката на македонскиот КИЦ, Емилија Попивода и македонски активист Ендрит Фетаху, кои во изминатите денови имаа повеќе средби со албански претставници, од кои е добиена целосна поддршка. Целта на оваа многу значајна манифестација е промоција на македонската култура, туризам и економија. Меѓу многуте активности во познати објекти во Тирана, ...
Read More »Македонци – Албанија
Стерјовски: Побаравме од МЕНР на Албанија да потпише договор со соседните земји за меѓусебно признавање на малцинствата на реципроцитетна основа
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, смета дека во оваа земја нема политичка волја од сите политички сили за остварување на легитимните права на малцинствата. На малцинствата не гледаат како мост на поврзување со нашите матични земји, каде што можеме да дадеме придонес. Ние како малцинства сме сите мирољубиви малцинства. Ние ...
Read More »Тирана да не подлегнува на бугарските притисоци за преименување на Македонците
Добро упатените во оваа проблематика велат дека употребата на деноминирачкиот термин „северномакедонци“ од страна на албанските институции за првпат се случи за време на последниот попис на населението, па оттука изјавата на албанската амбасадорка во Софија, Инид Мило, според експертите, „не е преседан, туку континуитет во албанската политика“. Оваа „доследност во употребата на терминот северномакедонци од страна на Тирана“, според ...
Read More »Рекордна фреквенција на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо
На граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо според статистиката на македонското министерство за внатрешни работи, регистрирана е рекордна фреквенција на патници споредено со претходната година. На граничниот премин Џепиште-Требиште минале 51.080 патници, од нив странски 48.116 и 2.964 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 12.255 патници“, потврдуваат од министерството. Зголемената фреквенција на се должи, ...
Read More »Прекрасни фрески на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град областа Мала Преспа
Прекрасни фрески во островската црква Мал Град, Регионалната дирекција за културно наследство Корча го привлече вниманието на прекрасните фрески на црквата пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град областа Мала Преспа. Оваа црква се смета за скапоцена во Преспа и во цела Албанија. Се наоѓа во Преспанското Езеро, на островот на островот Мал Град областа Мала Преспа, од 14 век и е еден од ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара да се форимираат Општина Голо Брдо и Гора
Десет години по територијалната поделба направено 2014 година во областите Голо Брдо и Гора каде живее македонското национално малцинство се уште останаа неразвиени. Во 2014 година, општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо беа укинати, за да се приклучат кон општините Булќиза и Либражд, а општините Шиштеец и Запот во областа Гора беа припоени кон Општина Кукс. Македонско ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција реагира на изјавата на албанската амбасадорка во Софија
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствена политичка партија што ја претставува македонската заедница во Албанија, изразува длабока загриженост и остро реагира против етикетирањето на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“ од страна на амбасадорката на Албанија во Софија, Инид Мило. Како што стои во реакцијата, упатена до министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, во интервју ...
Read More »Сочувство од Mакедонско друштво “Илинден” -Тирана по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија
Mакедонското друштво “Илинден” -Тирана упати сочувство до Албанската православна автокефална црква и до верниците по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија. Во мое лично име, во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија, изразувам најдлабоко сочувство за упокојувањето во Бога на архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос, ...
Read More »Фетаху: Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле и сме горди Македонци!
По назначувањето за координатор на Македонското друштво Илинден-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху упати благодарност до преседателот и до раководството на Македонското друштво Илинден-Тирана. Во својата порака наведува „изразувам голема благодарност за повторно искажаната доверба, по втор пат, да бидам преставник на Македонското друштво Илинден-Тирана за нашиот регион Голо Брдо. Чест и задоволство ми е да ја извршувам дејноста ...
Read More »Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана. Според него, македонската заедница реално брои над 100 илјади на целата територија на Република Албанија и доколку би бил спроведен реален попис тоа ќе се потврди. Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden