Македонци – Албанија

Во Пустец оддадена почит на првоборците Колефски и Ѓорѓиефски

По повод 29 ноември Денот на ослободувањето на Албанија, од наци-фашистичките окупатори, оддадена беше почит на паднатите борци од Пустец во Втората светска војна, Митре Колефски и Трајан Ѓорѓиофски. На споменикот, кој се наоѓа пред зградата на локалната самоуправа, букети со свежо цвеќе положија градоначалникот Пали Колефски, лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, еден ...

Read More »

Честитки по повод 28 ноември денот на независноста на Албанија упатија Македонска алијанса за европска инеграција

Честитки по повод 28 ноември денот на независноста на Албанија упатија Македонска алијанса за европска инеграција. Во име на единствената партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска инеграција, МАЕИ на сите граѓани на Албанија им го честитам 28-ми Ноември – Денот на независноста на Албанија! Честитит празник, напиша во објава на Фејсбук, Васил Стерјовски лидер на Македонска алијанса за ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 28 – 29 ноември денот на Независноста и денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација

Честитки по повод 28 ноември денот на независноста на Албанија упати македонското друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ви ги честита 28 ноември Денот на независноста на Република Албанија и 29. ноември 1944 – денот на ослободување од наци-фашистичката окупација.Честити празници, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Read More »

Започна постапката за отворање лекторат по македонски јазик во Корча

Во рамки на програмските активности на македонската амбасада во Тирана, кои се однесуваат на културната и јавна дипломатија, во Корча беше реализирана работна средба меѓу деканите на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и Филолошкиот факултет при Универзитетот „Фан Стилјан Ноли“ од Корча, информираа од амбасадата. Цел на состанокот беше воспоставување непосредна соработка меѓу двата факултета насочена ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија 

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2022 господово лето, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Албанија, информираше за Македонски весник “Илинден”, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото. Во име на друштвото и на Македонците тој искажува голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за ...

Read More »

Сочувство од македонската амбасада во Тирана, знамето на половина копје

На објектот на македонската амбасада во Тирана, македонското знаме е поставено на половина копје, по одлуката на владата за тридневна жалост, поради сообраќајната несреќа, во која животот го загубија 46 македонски граѓани. Од амбасадата изразуваат длабоко и искрено сочувство до семејствата на настрадати и посака брзо закрепнување на поврдените. Голема тага и длабока болка за трагичната загуба на животи на ...

Read More »

Сочувство од Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана 

Длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Бугарја, во која животот го загубија 46 македонски граѓани упатија македонското друштво “Илинден“-Тирана. Од името на Македонците во Албанија, сочувство изрази и македонското друштво “Илинден“. Со голема тага и болка ја примивме страшната вест. Од име на Македонците во Албанија изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејствата на жртвите. ...

Read More »

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари средба со генералниот директор на пристаништето Пиро Венгу

Македонскиот амбасадор г-дин Данчо Марковски на 19. 11. 2021 година, беше во посета на Драч. Покрај другите активности, тој оствари средба со генералниот директор на пристаништето г-дин Пиро Венгу, кој го информирал за начинот на функционирање на пристаништето, потоа за големата инвестиција од ЕМАР за изградба на новото пристаништво на Драч. Фокусот на состанокот беше да се зголеми обемот на ...

Read More »

Македонците во Мала Преспа го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“ нивен заштитник 

Македонците во Пустец, Мала Преспа, Албанија го одблежаа патронот на црквата „Свети Архангел  Михаил“, нивен заштитник. Свечена литургија одржа свештеникот Алексо Темелко, а со Македонците, по традиција беше и Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграцја, МАЕИ. Како  секогаш и овој пат бев со моите Македонци во одблежувањето на овој голем празник. Запалив свеќа и се помолив за здравје ...

Read More »

Ненадејно почина Антонио Самартино, преседател на фондацијата “Агостина Пиколи“ друштво на Молизе – Хрватско малцинството во Италија

Преседател на фондацијата “Агостина Пиколи“, друштво на малцинството Молизе – Хрватско во Италија, е дел на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и Работната група на словенските малцинства (РГСМ) и поранешен почесен конзул на Република Хрватска во Молизе. Истакнатиот хрватски културен работник и публицист и поранешен почесен конзул на Република Хрватска во италијанската покраина Молизе, Антонио Самартино, ненадејно почина во неделата ...

Read More »