Македонското друштво “Илинден”-Тирана предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства во оваа земја. За таа цел друштвото испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола, во кое стои дека 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го избрале и го сметаат за најсоодветен датум. Националните ...
Read More »Македонци – Албанија
Македонско друштво “Илинден”-Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент за формирање две македонски општини, Голо Брдо и Гора (ФОТО)
Македонското друштво “Илинден”-Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола, и до комисија „За административно-територијална реформа во Република Албанија“ со кое од име на Македонците се бара формирање две општини Голо Брдо и Гора. Ова поради фактот што во тек е расправа на специјалната комисија за територијална поделба а барањето е врз основа на “Законот за заштита на ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретна со претседателот на албанската Алијанса за етички медиуми
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и главен и одговорен уредник на истоимениот весник на македонски јазик, се сретна со претседателот Алијансата за етички медиуми (АЕМ) Колорето Цукали и Марк Марку член на Одборот за етика. Ѓурѓај му се заблагодарил на Цукали за приемот на македонскиот весник “Илинден“ како дел од платформата на Алијансата каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во ...
Read More »Македонскиот јазик ќе се изучува на педагошкиот факултет во Корча
Македонскиот јазик ќе се изучува на педагошкиот факултет во Корча. Ова е договорено на денешната средба меѓу министерката за култура Стојчевска и ректорот Бело. Ваквата најава следи во турбулентен период кога Македонците во Албанија се жалат дека Бугарија прави притисок – македонското малцинство да го запише како бугарско. Стојчевска вели дека грижата за идентитетските особености, со акцент на јазикот и ...
Read More »Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, престојуваше во работна посета на Корча
Денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, престојуваше во работна посета на Корча, Република Албанија, придружувана од деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Добри Петровски; претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов, и амбасадорот на Македонија во Албанија, Данчо Марковски. Целта на работната посета беше финализирање на подготовките за вклучување на македонскиот јазик во ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Министер советник, Љуфтим Спахиу во Амбасада на Македонија во Тиранa
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска во Амбасада на Република Македонија во Тирана оствари средба со Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу. Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу му го честита превземањето на функцијата и му посакал спех на високата дипломатска должност. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Министер ...
Read More »Во општина Пустец само 7 првачиња
Новата учебна 2022/2023 година денеска почна и за основците и средношколците во општина Пустец, област Мала Преспа, Република Албанија. На почетокот на учебната година со учениците во Пустец беше градоначалникот Пали Колефски кој им посака среќен почеток и многу успех во совладувањето на наставните единици. Вам драги ученици и на вашите наставници ви посакувам среќен почеток и успешна учебна година. Посебни честитки до ...
Read More »Федералната унија на европските националности: Се намалуваат ли јазичните права во ЕУ?
Дојде време за стратегија ширум Европа, која треба да гарантира постојано унапредување и остварување на правата на националните и јазичните малцинства – ова беше заклучокот од јавната конференција „Да дејствуваме против падот на јазичната различност во Европа и за промоција. на националните и јазичните права на малцинствата!“, одржана на 7 септември во Брисел, во Европскиот парламент. ФУЕН на состанокот беше ...
Read More »Блуши: Македонското малцинство богатство за Албанија
Генералниот секретар на Партијата на слободата, Теди Блуши, денеска престојуваше во Пустец, единствената македонска општина во Албанија. Тој оствари средба со претседателот на огранокот на партијата Панди Јани, како и членови и симпатизери. Во објава на Фејсбук Блуши напиша дека македонското малцинство е богатство за Албанија и оти на средбата разговарале за преземање неопходните мерки за стопирање на депопулацијата на ...
Read More »Железна црква „Свети Стефан“ во Истанбул изградена од Македонци (ФОТО)
Православната црква „Свети Стефан“ во Цариград позната како Железна црква, која пред 1912 година била изградена со парите на охриѓаните, ресенчаните, велешаните и македонци од егејска македонија. Исто така, малкумина знаат дека во дворот на црквата се погребани многумина познати историски фигури меѓу кои и Партеније Зографски кој бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden