Македонци – Албанија

Во Тирана одбележан денот на независноста на Македонија

Вчера во просториите на Македонскиот културно информативен центар во Тирана, Амбасадата организираше пригодна прослава на 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија. На прославата, меѓу поканетите гости, присуствуваа и претставници од Македонското национално малцинство, македонските друштва, македонската бизнис заедница, но и новодојдените фудбалери кои настапуваат во албанските фудбалски клубови. Во својот пригоден говор амбасадорот Марковски истакна дека патотн по ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 8-ми септември Денот на независноста на татковината Македонија 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка по повод 8-ми септември денот на „независноста на татковината Македонија“. Во мое лично име и во името на македонското друштво “Илинден“-Тирана ви го честитам 8-ми септември денот на независноста на татковината Македонија. Пред точно 31 години, македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот ...

Read More »

Изложба на Васил Стерјовски “Македонците во САД – вековен идентитет во континуитет”

Еден од најголемите поборниците за правата на Македонците во Албанија и заштитата на македонскиот идентитет, Васил Стерјовски, во Штип ќе ја претстави  својата изложба насловена “Македонците во САД-вековен идентитет во континуитет”. За МИА тој рече дека изложбата содржи многу документи од архивите на САД за македонската посебност од крајот на XIX и почетокот на XX век. Изложбата е во рамките на ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај ќе учествува на Конгресот на ФУЕН во Берлин

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај ќе учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности, ФУЕН, што ќе се одржи во Берлин од 29 септември до први октомври. Малцинските заедници во меѓународни и регионални конфликти и четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија ќе бидат фокусните точки на 66 Конгрес. Најголемиот европски собир на национални малцинства ...

Read More »

Конгресот на Федералната унија на европски националности – 2022 ќе се одржи во Берлин, Сојузна Република Германија

Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) 2022 ќе се одржи во Берлин, Сојузна Република Германија. Малцинските заедници во меѓународни и регионални конфликти и четирите автохтони национални малцинства и етнички групи во Германија ќе бидат фокусните точки на Конгресот на 66 во Берлин. Најголемиот европски собир на национални малцинства и јазични групи ќе започне на 29 септември со церемонијата на отворањето ...

Read More »

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во посета кај Македонците во Мала Преспа (ФОТО)

На средбите со градоначалникот Пали Колески, како и со претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјоски ги отворивме прашања кои се предизвик за локалната власт и локалното население во поширокиот регион на Мала Преспа. Остануваме во комуникација со Македонците во Албанија и албанските институции за прашања кои се од интерес на нивната етничка, културна и јазична посебност. Остварив ...

Read More »

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во посета кај Македонците во Голо Брдо (ФОТО)

Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, објави мнистерот за надворешни работи, Бујар Османи, за денешната посета на Македонците во областа Голо Брдо во Албанија. Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би ...

Read More »

Сара Џелили преставник на Македонското друштво “Илинден“-Тирана учестува на Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески” во Охрид

Со поздравно обраќање на градоначалникот, Кирил Пецаков  денеска во Охрид започна  четвртото издание на Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески”. На младите поети и поетеси од земјава и странство градоначалникот Пецаков им посака пријатен престој во Охрид  во кој се кријат многу мотиви за идна творечка инспирација. Огромно е задоволството да се биде меѓу младите поети и поетеси од ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува изјавата на заменикот министер за надворешни работи на Бугарија, за асимилација на Македонците во Бугари во Албанија

  Денес, 25 август 2022 година, го чувме заменикот министер за надворешни работи на Република Бугарија, Костадин Коџабашев со изјава дека „ги поддржуваат и ќе продолжат да ги поддржуваат Бугарите во Албанија“. Ваквата реакција доаѓа во пресрет на новата територијална поделба на Република Албанија, а особено по барањето за формирање на посебни општини каде Македонците живеат со векови и во ...

Read More »