Македонци – Албанија

Пелеши: Македонската заедница е додадена вредност во мозаикот на вредности на нашите простори 

Социјалистичка партија (СП) ги објави имињата на кандидатите за градоначалници со кој ќе настапи на локалните избори што ќе се одржат на 14 мај годинава. Политичкиот координатор на партијата за Округот на Корча и министер за одбрана, Нико Пелеши во изјава за медиумите во Тирана ги престави кандидатите за градоначалници во општините во овој округ и го официјализира заедничкиот настап ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција во изборна коалиција со Социјалистите, во Пустец ќе го поддржи Колефски

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, ќе биде во изборна коалиција со владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама. Договор е постигнат на денешната средба во Пустец, која со највисокото раководство на партијата, предводено од лидерот Васил Стерјовски, беше одржана со Нико Пелеши, ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана посака благословен и лесен рамазански пост 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа ...

Read More »

Започна изградбата на камбанаријата во манастирот “Света Марена” до селото Туминец

Денеска во дворот на манастирот “Света Марена” во село Туминец, општина Пустец, со благослов на корчанскиот владика г. Јован, почна со изградба камбанарија, која му недостигаше на овој божји храм. Во присуство на Македонци од Мала Преспа камен темелникот на камбанаријата, го освети свештеник на корчанската митрополија. Камбанаријата се гради со средства кои Македонци со потекло од Албанија и од ...

Read More »

Летник народен празник

Летник е народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар). Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во ...

Read More »

Професорот Спасе Терпо од Пустец со свои сили изгради етнографски музеј (ВИДЕО)

Она што локалната власт со години не можеше да го направи, успеа да го направи сам еден човек. Тоа е Спасе Терпо, професор по историја во Пустец, кој во својата куќа го отвори единствениот етнографски музеј во Преспа, ја почнува Еуроњуз Албанија, репортажата посветена на Спасе, чиј предизвик бил да им се покаже на туристите кои доаѓаат во посета на ...

Read More »

Песната “Врати се” посветена на Македонците од областа Гора (ВИДЕО)

Музичката група со потекло од Гора издаде песна посветена на емиграцијата на Македонците од областа Гора во Албанија, песната е насловена “Врати се”. Текстот на песната го напиша Шуаип Мемишај, музика Горан Борјан (Рамче), пее Фатмир Красниќи.  

Read More »

Рибарскиот брод “Гоце Делчев” на брегот на Преспанското Езеро во село Туминец, Мала Преспа

Васил Папа (1949-2015), Македонец од село Туминец, Мала Преспа, работел како рибар, па после и како капетан на рибарски брод во рибарското стопанство во Мала Преспа. Во 1987 година Васил Папа заедно со својот сонародник Леко Вурмо се враќаат ноќе од Пустец за Туминец низ Преспанското Езеро со рибарскиот брод “Преспа”, кој бил од дрвена конструкција. И двајцата биле уморни ...

Read More »

Централната изборна комисија ја регистрира Македонската алијанса за европска иднина (МАЕИ) за учество на локалните избори во Албанија

Централната изборна комисија соопшти денеска меѓу партиите кои што ќе се борат за избор на градоначалници ќе биде и единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Централната изборна комисија денеска одржи состанок и одлучи за барањето за регистрација на МАЕИ да учествува на локалните избори во Република Албанија. – стои во соопштенито на Централна изборна комисија.

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција поднесе барање за регистрација за локални избори во Албанија

Централната изборна комисија соопшти дека почна со подготовките за локалните избори кои ќе се одржат на 14 мај 2023 година кога политичките партии ќе се тркаат за градоначалничките места. Mеѓу партиите кои што ќе се борат за избор на градоначалници ќе биде и единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Централната изборна комисија утре 08.03.2023 ...

Read More »