Македонци – Балкан

Македонскиот јазик и култура на голема врата во образованието во Хрватска

Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска потпиша Решение за изучување на македонски јазик и култура по модел Ц во најголемото подрачното основно училиште „Стрмец“, во градот Св. Недела.  Ова го соопшти Желка Ненадиќ, претставничка од Управата за национални малцинства при Министерството за наука, образование и млади на манифестацијата „Македонскиот јазикот е нашиот идентитет“, проект поддржан и одобрен ...

Read More »

ЕФА го повикува Советот на Европа да продолжи внимателно да ги следи правата на малцинствата во Бугарија

Намалувањето на меѓународниот надзор врз Бугарија би го поткопало кредибилитетот на системот за заштита на човековите права на Советот, бидејќи земјата не ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права. Време е Советот на Европа да ги засили своите напори во заштитата на правата на малцинствата во Бугарија. На 2 декември, Комитетот на министри ќе се состане за да ...

Read More »

Стојков за односите со Бугарија: Македонија нема друг избор освен да се бори, една отстапка би водела кон нови отстапки

Академик Стојко Стојков смета дека односите меѓу Македонија и Бугарија се во жална состојба и дека ќе има блокада од источниот сосед на нашите евроинтеграции можело да се претпостави претходно. Сега, вели, Македонија нема друг избор освен да се бори, затоа што, смета дека една отстапка би водела кон нови отстапки. „Односите меѓу Македонија и Бугарија се во многу жална ...

Read More »

Одбележани 147 години од Македонското Кресненско востание во Пиринска Македонија

На 26 октомври 2025 година, Димитровден и покрај празникот и невремето Македонците од сите делови на Пиринска Македонија, од Софија, како и гости од Република Македонија, традиционално ја одбележаа јубилејната од Македонското кресненско востание. Прославата започна во градот Кресна пред споменикот на Димитар Поп-Ѓоргиев-Беровски. Зборот за херојот водачот на востанието изговори копретседателот на ОМО Илинден”-Пирин, Стоико Стоиков. Со полагање венци ...

Read More »

Во Пула се одржа 12. Меѓународна тркалезна маса „Македонските судбоносни и идентитетски премрежја“

„Македонските судбоносни и идентитетски премрежја“ беше темата на 12. Меѓународна тркалезна маса што се одржуваше на 17 и 18 октомври во Пула. Учествуваа академик Љуpчо Коцарев, директорката на Македонскиот културен центар во Загреб Мими Ѓоргоска-Илиевска, историчарите Драгица Поповска, Теон Џинго и Ицо Најдовски-Перин, лингвистот Елка Јачева-Улчар, писателот и публицист Кочо Топузоски, директорот на Македонскиот културен центар во Истанбул, Диме Ратајкоски ...

Read More »

Извештај на Стејт департментот од 1965 година: Македонци во Бугарија биле 187.789 во 1956 година

Денес, извештаите на американскиот Стејт департмент се помалку или повеќе „стандардната процедура“ прифатена во меѓународната заедница, како своевидна годишна мериторна процена на состојбата на демократијата во речиси сите земји во светот. Извештаите се јавни и на нив се повикуваат дури и релевантни меѓународни организации, водејќи се според нив како легитимен извор на информации. Во 1965 година, извештите на Стејт департментот ...

Read More »

Институционализиран говор на омраза кон Македонците во Бугарија

Некои аспекти кон опсервацијата на македонскиот активист Атанас Кирјаков од OMO „Илинден“ во врска со антимакедонските наративи во бугарската јавност Јазикот на омраза е толку длабоко навлезен во јавниот простор, што секоја пројава на македонски идентитет во пиринскиот крај се стигматизира како „предавство“, „антинационално однесување“ или „надворешна провокација“. Причини за оваа омраза се страв од различност и идентитетска несигурност: За ...

Read More »

Парламентарното собрание на Советот на Европа бара од Бугарија спроведување на пресудите за Македонците

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) одлучи да го затвори пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, но истовремено ги повика властите во Софија да постигнат напредок во спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, особено оние кои се однесуваат на одбивањето да се регистрираат здруженија на лица кои се изјаснуваат како етнички Македонци. Во резолуцијата усвоена на почетокот на ...

Read More »

ОМО “Илинден“: Јазикот на омразата кон Македонците во Бугарија е израз на страв, несигурност и политичка манипулација

Обединетата македонска организација “Илинден“ ги лоцира причините, манифестациите и последиците од јазикот на омразата кон Македонците во Бугарија. „Во современото општество, јазикот на омраза е опасна алатка која ги поткопува демократските вредности, социјалната кохезија и меѓуетничкото разбирање. Во Бугарија, еден од најсериозните и често занемарени примери на ваков говор е односот кон етничките Македонци, особено во Пиринска Македонија – регион ...

Read More »

Во Бугарија постојат Македонци, треба да им се признае нивното право!

Во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) сѐ погласни повиците до Софија да ги спроведе пресудите Повеќе пратеници по иницијатива на македонските претставници Марија Петрушевска, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Беким Ќоку, поддржани од Елвира Ковач, Албана Вокши, Јорида Табаку и Филиз Полат, поднесоа амандман со кој во нацрт-резолуцијата, став 14, втора реченица, зборовите „ги повикува властите“ треба да се заменат со ...

Read More »